Мендоса (покраина)
| |
Главен град | Мендоса |
Површина | 148,827 km² |
Население | 1.692.000 (2005)[1] |
Густина | 11.37/km² |
Гувернер | Селсо Жак |
Демоним | Мендосиец (mendocino) |
ISO 3166-2 | AR-M |
Мендоса (шпан. Mendoza) е покраина во Аргентина, сместена во западноцентралниот дел на земјата во регионот Кујо. Се граничи со покраините Сан Хуан, Сан Луис, Ла Пампа, Рио Негро и Неукен. На запад се граничи со Чиле.
Географија и клима
[уреди | уреди извор]Самата покраина е сместена на планинскиот масив на Андите, поточно на нивниот понизок дел попознат како „Преткордиљери“, кои се малку пониски. Реки кои течат се Мендоса, Тунујан, Дијаманте и Атуел.
Климата е континентална, сончева и сува, со топли лета и ладни зими Годишните врнежи се движат од 150 до 350 mm. Планините изобилуваат со ледници.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Најголема гранка е лозарството, односно винарството со 70% од вкупното производство во земјата. Има и големо производство на јаболка, круши, домати, кромид, сливи, маслинки, вишни, праски и души.
Има огромни наоѓалишта на нафта. А исто така се копа и доста вар.
Административна поделба
[уреди | уреди извор]Покраината е поделена на 18 департмани (departamentos),
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Sistema de Indicadores y L.R.F PDF (113 КиБ) (шпански)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Потал на покраината Мендоса (шпански)
- Министерство за туризам и култура на Мендоса (шпански)
- Откријте ја Мендоса - Туризам (шпански)
- Националниот универзитет Архивирано на 16 јуни 2009 г. (шпански)
- карта на Мендоса
- Слики на Мендоса и нејзините вински полиња Архивирано на 13 февруари 2008 г.
„Мендоса (покраина)“ на Ризницата ? |
|