Вицекралство Перу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Поткралство Перу
Virreinato/Virreynato del Perú
Колонија

15421824
 

 

 

Military flag Грб
Location of the Viceroyalty of Peru: initial (light green) and final de jure territory (dark green)
Главен град Лима
Јазици службен: Шпански, говорни: кечуански, кичвански, ајмарски, пукиснки.
Вероисповед римокатоличка
Уредување Монархија [[Категорија:Поранешни монархии во Јужна Америка|Поткралство Перу, 1542]]
Крал
 -  1542 - 1566 Карло I
 -  1813 - 1821 Фердинанд VII
Viceroy
 -  1544 - 1546 Бланко Нунеж Вела
 -  1821 - 1824 Џозе дел ла Серна е Хиноџоза
Историски период Шпанско Царство
 -  Основана 1542
 -  Fall of Vilcabamba 1572
 -  Creation of Нова Гранада
 -  Creation of Рио де ла Плата
 -  Независност на Перу 28 јули 1824
Валута Песо

Поткралство Перу (шпански: Virreinato del Peru) — поткралство кое било под директно влијание на Шпанското Царство во периодот од 1542 до 1824 година. Териториите на ова поткралство се наоѓале во Јужна Америка односно териториите на денешните држави Перу, Чиле, Колумбија, Еквадор, Боливија, Парагвај, Уругвај и Аргентина. Престолнина на поткралството бил градот Лима.

Поткралството било формирано во времето на светиот римски цар Карло V на 20 ноември 1542 година со потпишувањето на кралскиот декрет во Барселона. Веднаш по ова започнала граѓанската војна помеѓу Франциско Пизаро и Диего де Алмагро за тоа кој да управува со Перу. Во 1543 година кралот го испратил и го назначил како поткрал Бласко Нунеж Вела за да ја спречи војната, но тој бил убиен три години подоцна од страна на Гонзало Пизаро. Конеечно, Педро де ла Гаска успеал да воспостави ред во поткралството и во 1548 година да стави крај на граѓанската војна.

Во текот на своето постоење, поткралството било управувано од страна на 39 кралеви во периодот помеѓу 1544 до 1824 година. Франческо де Толедо (1569-1581) тој спровел големи реформи во поткралството. Тој ги централизирал колонијалните владини функции и ги поставил идните административни работници на поткралството. Во текот на нејзиното постоење, наредните векови следувале тешки моменти и кризи како во Шпанија така и во Перу. Во 1713 година било создадено Поткралството Нова Гранада на север, како и Поткралството Рио де ла Плата во 1776 година.

Во текот на 19 век, голем дел од териториите на државата добиле независност и целосното постоење на државата завршило по Битката кај Ајакуча во 1824 година.