Аргентински пезос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Аргентински пезос
Peso argentino  (шпански)
Податотека:1pesocoin.png
ISO 4217
Код ARS
Составници
Подединица
 1/100 centavo
Симбол $
Банкноти 2, 5, 10, 20, 50, 100, 200, 500 pesos
Монети 5, 10, 25, 50 centavos, 1 peso, 2 pesos
Демографија
Корисник/ци  Аргентина
Издавач
Централна банка Централна банка на Аргентина
 Мреж. место bcra.gov.ar
Вредност
Инфлација 20.2% estimated (2017)
 Извор

Banco Ciudad and private consultants[1][2]

Official figures are substantially inferior.[3]

Пезос (established as the peso convertible) — официјална валута на Арентина, идентификувана со симболот $. Таа се дели на 100 сентави. Нејзиниот код е ISO 4217 'АРС' . Пезос е исто така и име за неколико претходни аргентински валути. Сегашниот пезос е во употреба од 1992 година, кога го заменил аргентинскиот аустрал кој бил погоден со хиперинфлација. Односот на замена бил 10.000 аустрали за 1 конвертибилен пезос. Бил наречен конвертибилен бидејќи за секој пезос во оптек на Централната банка на Аргентина во девизни залихи имала еднаква противвредност во американски долари. Но,во 2001 година земјата била погодена со економска криза, па курсот веќе не е врзан за американскиот долар туку слободно флуктуира.

Банкнотите и монетите ги издава Централната банка на Аргентина, и тоа: монети од 5, 10, 25, 50 центави и 1 пезоса, и монети од 2, 5, 10, 20, 50 и 100 пезоси.

Официјалниот курс се движи околу 3 пезоси за американски долар во периодот од 2002-2008 година, односно околу 4 пезоси за периодот 2009-2011 година, и ги надмина 6те пезоси во ноември 2013 година, со 6,5 пезоси во текот на декември 2013 година. Во октомври 2014 година, девизниот курс беше околу 8 пезоси на доларот, до февруари 2015 година, тој достигна дури 10 пезоси за американскиот долар, а до декември истата година, 13 пезоси за американскиот долар, по рекордот од 14.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]