Грузиски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Грузиски)
Грузиски јазик
Картулски јазик
ქართული
ქართული.png
Името „картули“ (kartuli) на грузкиско писмо.
Изговор/kʰartʰuli ɛna/
Застапен воГрузија
Говорници3,7 милиони  (2014)
Јазично семејство
Претходни облици:
старогрузиски
  • грузиски јазик
Писмогрузиска азбука
Статус
Службен во Грузија
Јазични кодови
ISO 639-1ka
ISO 639-2geo (B)
kat (T)
ISO 639-3kat
Linguasphere42-CAB-baa – bac
{{{mapalt}}}

Грузиски јазик (ქართული ენა, картули ена) — картвелски јазик, мајчин јазик на Грузијците и службен јазик на кавкаската држава Грузија. Се пишува со уникатното грузиско писмо. Јазикот го зборуваат околу 4 милиони луѓе во Гризија и во грузиската дијаспора.

Грузискиот јазик го зборуваат, како мајчин, околу 3,9 милиони луѓе во Грузија и уште околу 500.000 Грузијци во дијаспората, најмногу во Турција, Иран, Русија, САД и останатите држави. Грузискиот јазик е сроден јазик со уште три картвелски јазика: свански јазик, мегрелски јазик и ласки јазик и заедно со овие јазика сочинуваат едно јазично семејство кое не е сродно со ниту едно од останатите јазични семејства во светот.

Писмо[уреди | уреди извор]

Низ историјата, грузискиот јазик се пишувал со различни писма. Денес, за запишување на јазикот се користи само грузиската азбука наречена „мкедрули“ што во превод значи „воено писмо“. Покрај ова, постојат и историските писма, но тие ги користат само научниците за истражување на грузиската историја. Грузиската азбука има 33 букви и ова писмо е фонетско, што значи еден глас е претставен со еден симбол. Покрај 33-те букви, има и уште неколку останати кои не се користат повеќе.

Грузиска азбука „мкедрули“
Македонски еквиваленти
а б г д е в з т и кх * л м н
о пх * ж р с тх * у пх * кх * глотално х к' * ш ч
ц ѕ цх * чх * тврдо х џ меко х
* - овие гласови ги нема во македонскиот јазик. Тие се силни согласки, фрикати, проследени со грлен полуглас (х).

Според традиционалните верувања и записи на Леонти Мровели во 11 век, првата грузиска азбука била создадена од првиот крал на Кавкаска Иберија Парнаваз I Иберски во 3 век п.н.е. Сепак, првите записи на азбуката, или одредена модификација на истата, датираат од 5 век. Низ вековите азбуката била изменувана и модернизирана, па поради тоа денес има три верзии на истата: „асомтаврули“ или „големи букви“, „нускури“ или „мали букви“ и „мкедрули“ или „воено писмо“. Првите две не се користат повеќе, туку само последната. Грузиското писмо не разликува мала од голема буква и сите се исти.

Фонологија[уреди | уреди извор]

Самогласки[уреди | уреди извор]

Самогласки[1]
Предни Задни
Затворени i u
Средни ɛ ɔ
Отворени   ɑ

Согласки[уреди | уреди извор]

Грузиски согласки[2]
  Лабијални Дентално/
алвеоларни
Пост-
алвеоларни
Меконепчани Увуларни Глотални
Носни m n
Експлозивни аспиративни
звучни b d g
ејективни
африкативни чисти ts
безвучни dz
ејективни tsʼ tʃʼ
Фрикативни безвучни s ʃ x1 h
звучни v z ʒ ɣ1
Вевни r
Латерални l

Пример[уреди | уреди извор]

Како пример за јазикот се наведува првиот член од Декларацијата за човекови права:

Грузиско писмо:
ყველა ადამიანი იბადება თავისუფალი და თანასწორი თავისი ღირსებითა და უფლებებით. მათ მინიჭებული აქვთ გონება და სინდისი და ერთმანეთის მიმართ უნდა იქცეოდნენ ძმობის სულისკვეთებით.
Транслитерација на грузиското писмо:
Qvela adamiani ibadeba t'avisup'ali da t'anascori tavisi ġirsebit'a da uplebebit'. Mat miničebuli ak'vt' goneba da sindisi da ert'manet'is mimart' unda ik'c'eodnen żmobis suliskvet'ebit'.
Превод на македонски јазик:
Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Shosted & Chikovani (2006:261)
  2. Shosted & Shikovani (2006:255)
  3. About Georgia: Georgian Alphabet

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]