Свански јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Свански јазик
ლუშნუ ნინ Lušnu nin
Изговорluʃnu nin
Застапен воГрузија
Говорниципомалку од 30.000[1];
15.000 [2]  
Јазично семејство
јужнокавкаски
  • свански јазик
Писморетко (скоро никогаш) не е пишан, а ако е, тогаш се користи грузиска азбука
Јазични кодови
ISO 639-3sva
Карта на картвелските јазици.

Свански јазик (ლუშნუ ნინ, лушну нин; грузиски: სვანური ენა, сванури ена) — јужнокавкаски јазик кој се зборува во областа Сванетија во северозападна Грузија. Овој јазик сочинува една гранка од јужнокавкаските јазици, додека другата гранка ја сочинуваат картозанските јазици. За сванскиот јазик се верува дека прв се одделил од пракартвелскиот јазик во 2 милениум п.н.е.

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Сличности со останатите јужнокавкаски јазици

Како и останатите јужнокавкаски јазици, така и сванскиот јазик има голем број согласки во својот фонолошки систем. Исто така, јазикот мора да има согласност меѓу подметот и предметот. Глаголите во сванскиот јазик имаат аспект, евидентност и намера.

Засебни карактеристики

Во сванскиот јазик опстојува безвучниот воздушен меконепчан плозивен глас /qʰ/, но и гласовите /w/ и /j/. Исто така, јазикот има поголем број самогласки одошто грузискиот, а додека горнобалскиот дијалект има вкупно 18 самогласки, различни по должина, и воедно тоа е говор со најмногу самогласки во Кавказот. За разлика од останатите јужнокавкаски јазици, граматиката не е сосема правилна во сванскиот јазик и има значителни разлики во инфлекцијата на глаголите.

Распространетост[уреди | уреди извор]

Сванскиот јазик е мајчин јазик на околу 30.000 Сванци кои живеат во планините на Сванетија во Грузија. Покрај нив, има мала сванска заедница која живее во Апхазија, каде се проценува дека има околу 2.500 жители.[1]

Сванскиот јазик се користи низ домовите и за општа комуникација на Сванците. Овој јазик нема пишана стандардизација и нема официјален статус. Голем дел од Сванците зборуваат и грузиски јазик, официјалниот јазик на државата и го користат истиот како писмен јазик и јазик за трговија. Поради барањето подобра економска стабилност, овој јазик е во опаѓање, но исто така врз тоа влијае и фактот што овој јазик не се користи во образованието. Сванскиот јазик се смета за загрозен јазик и е помалку застапен кај помладото население.

Дијалекти[уреди | уреди извор]

Сванскиот јазик е составен од следните дијалекти:

  • Горнобалски дијалект - овој дијалект го зборуваат околу 15.000 жители,
  • Долнобалски дијалект - овој дијалект го зборуваат околу 12.000 жители,
  • Лашк дијалект,
  • Лентечки дијалект.

Наводи[уреди | уреди извор]

Користена литература[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]