Зимска војна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Зимската војна (или Советско-финска војна) е војна која се водела помеѓу Советскиот сојуз (СССР) и Финска, во периодот од 30 ноември 1939 година до 12 март 1940 година, односно три месеци откако започнала Втората светска војна.

The War in Finland, 1940 HU55566.jpg

Во текот на октомври 1939 година, СССР и поставил ултиматум на Финска во врска со територијалните претензии во реонот кај Ленинград и неколку острови во Финскиот Залив, а како компензација го предложил Карелија. Властите во Финска со тоа не се согласиле. Од една страна, американскиот претседател Франклин Рузвелт се надевал СССР да се повлече од оваа одлука, но Сталин не попуштил. Финска успела да пружи отпор се до март 1940 година, кога во Москва бил потпишан мировен договор со кој Финска морала да и отстапи 10% од својата територија и 20% од своите индустриски капацитети на СССР.

Така, со навлегувањето во Финска на црвената армија, била создадена Финска народна и демократска република, на чие чело бил поставен Ото Кусинен, секретар на Коминтерна. Поради започнувањето на оваа војна, СССР бил исклучен од Друштвото на народите.