Маријци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Маријци
Вкупен број
cоколу 700,000
Подрачја со значајно население
 Русија 547,605 (2010)[1]
 Казахстан 4,416 (2009)[2]
 Украина 4,130 (2001)[3]
 Белорусија 416 (2009)[4]
 Латвија 277 (2009)[5]
 Естонија 241 (2011)[6]
Јазици
мариски јазик, руски јазик
Вероисповед
православие и мариска традиционална религија
Сродни народи
останати угрофински народи

Маријци (мариски: мари) — угрофински народ, кој традиционално живее покрај реките Волга и Кама во Русија. Половина од мариското население живее во руската република Мари Ел, а добар дел има и во руските републики Башкортостан и Татарстан. Порани во Русија народот го нарекувале како Черемиси.

Маријците се делат на три подгрупи, односно: ливадски Маријци или низински Маријци, кои живеат покрај левиот брег на реката Волга, потоа планински Маријци, кои живеат покрај десниот брег на реката Волга и источни Маријци, кои живеат во Башкортостан. Според пописот од 2002 година, во Русија имало 604,298 Маријци, од кои 18,515 планински Маријци и 56,119 источни Маријци. Скоро 60% од Маријците живеат во руралните средини.[7]

Јазик[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Мариски јазик.

Мајчин јазик на Маријците е марискиот јазик. Марискиот јазик е дел од група на уралски јазици. Денес јазикот се пишува на кирилица. Јазичарите препознаваат четири различни дијалекти на марискиот:

  • планинско-мариски дијалект - се зборува покрај десниот брег на Волга,
  • низинско-мариски дијалект - се зборува покрај левиот брег на Волга и реката Кокшага,
  • источномариски дијалект - се зборува источно од реката Вјатка

Според пописот од 2002 година, 451,033 луѓе изјавиле дека зборуваат мариски.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]