Крајот на историјата и последниот човек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Крајот на историјата и последниот човек  
Fukuyama the end of history and the last man.jpg
Автор Френсис Фукујама
Наслов на
оригиналот
''The End of History and the Last Man''
Преведувач Драган Јакимовски
Земја САД
Јазик англиски
Жанр(ови) Филозофија
Издавач Free Press
Издадена прво издание: 1992 година во САД
Страници 554

Крајот на Историјата и последниот човек е книга од Френсис Фукујама објавена во 1992 година, и преставува дополнување и проширување на неговиот есеј Крајот на историјата?, објавен во The National Interest во 1989 година. Во оваа книга, Фукујама тврди дека западната либерална демократија е крајна точка на социокултурната еволуција на човештвото и конечна форма на човековото политичко уредување.

Она на што ние можеби сме сведоци не е само крај на Студената војна, или минување на еден посебен период на повоената историја, туку крај на историјата како таква... ова е крајна точка на идеолошката еволуција на човештвото и универзализација на западната либерална демократија како конечна форма на човечкото владеење.[1]

Крајот на историјата и последниот човек е обид на Фукујама да напише една филозофија на историјата, или како што тој истакнува една Универзална историја, притоа побивајќи ја дијалектиката на Карл Маркс и неговото толкување на историскиот процес и самиот крај на историјата, како што Маркс го видел [2] . Фукујама на Маркс се спротиставува преку учењето на германски филозоф Георг Вилхелм Фридрих Хегел, всушност Фукујама во целата своја книга се повикува на Александар Кожев, најголем интерпретатор на Хегел во 20 - век. Кожев тврдел дека напредокот на историјата води кон слободниот пазар на демократијата (зачнати во услови на мулти-партиски систем на политичка застапеност). Треба да се истакне дека Фукујама со филозофијата на Кожев се запозанава за време на своите студии кај професорот Ален Блум на универзитетот во Корнел [1].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Крајот на историјата и последниот човек, Култура, Скопје, 1994.
  2. "This social formation constitutes, therefore, the closing chapter of the prehistoric stage of human society." Preface to 'A Contribution to the Critique of Political Economy' (1859)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]