Ван (Франција)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ван
Vannes
Gwened
Слики од Вангоре лево: Поглед на ѕидините и музејот Замок Гајар; Горе десно: Катедрала Св. Петар; Во средина лево: Стари перални; Центар: Капетанска кула; Во средина десно: Тесна уличка; Долу лево: Камбанаријата на црквата Сен Патерн; Долу десно: Насипот Конло
Слики од Ван
горе лево: Поглед на ѕидините и музејот Замок Гајар; Горе десно: Катедрала Св. Петар; Во средина лево: Стари перални; Центар: Капетанска кула; Во средина десно: Тесна уличка; Долу лево: Камбанаријата на црквата Сен Патерн; Долу десно: Насипот Конло
Знаме на Ван
Знаме
Грб на Ван
Грб
Ван се наоѓа во Франција
Ван
Координати: 47°39′21.24″ СГШ 2°45′37.08″ ЗГД / 47.6559, -2.7603
Земја Франција
Регион Бретања
Департман Морбијан
Округ Ван
Кантон Ван
Управа
 • Градоначалник (2011–2016) Давид Робо
Површина1 32,3 км2
Население (2012)2 52.648
 • Густина 160/км2
INSEE/Пошт. бр. 56260 / 56000
Надм. висина 0 м
(прос. 22 м)

1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија.

2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш.

Ван (француски: Vannes, бретонски: Gwened) – општина во департманот Морбијан во регионот Бретања, на северозапад на Франција. Формиран е пред преку 2000 години.[1]

Географија[уреди | уреди извор]

Ван е лоциран во Заливот Морбијан, во устието на двете реки, Марла и Венсен. Се наоѓа на околу 100 км северозападно од Нант и 450 км југозападно од Париз.

Историја[уреди | уреди извор]

Името „Ван“ доаѓа од Венети, поморски келтски народ кој пред римските инвазии живеел југозападно од Арморика во Галија. Се чини дека регионот со илјадници години бил трговска раскрсница при што веројатно се користеле чамци.[2] Дел од оваа трговија била и пченицата која очигледно се одгледувала на Средниот Исток.[3] Евиденцијата (како гало-белгиски монети) на оваа трговија е драматично зголемена околу 150 г.п.н.е.[3]

Венетите биле поразени од флотата на Јулиј Цезар во 56 г.п.н.е. пред Локмаријаке. Многу Венети или биле заклани или биле продадени како робови. Римјаните воспоставиле град кого го нарекле Дариоритум на местото кое претходно им припаѓало на Венетите. Од 5 до 7 век, преостанатите Гали биле преселени или асимилирани од брановите Брити кои бегале пред саксонското освојување на Британија. Ванската диоцеза била основана во 5 век, а Ванскиот совет се одржал во 461 година. Кралството времено го анектирало Корнуај на почетокот на 6 век, но за постојано бил присоединет кон Домнонија околу 635 година.

Во 1342 година, Ван четирипати бил опсаден од силите од двете страни во Бретањската војна за наследство. Командирот на одбраната на градот Оливје де Клисон IV бил заробен од Англичаните, но на крајот бил ослободен. Французите го егзекутирале сомневајќи се дека откупнината е многу ниска, па можно е тој да бил предавникот.

Во 1795 година, за време на Француската револуција, француските трупи стационирани во Ван, успешно ја спречиле планираната британско-ројалистичка инвазија.

Население[уреди | уреди извор]

Население
1911 1936 1954 1962 1968 1975 1982 1990 1999 2008 2012
23.748 24.068 25.089 30.411 36.576 40.359 42.178 45.644 51.759 52.983 52.648

Бретонски јазик[уреди | уреди извор]

Во 2007 година општината донела план за промоција на бретонскиот јазик. Во 2008 година 7,71% од децата во примарните училишта посетувале билингвална настава. [4]

Споменици и знаменитости[уреди | уреди извор]

Градските ѕидини
„Ван и неговата жена“
  • Готска катедрала Сен Пјер
  • Класична црква Св. Патерн
  • Барокна црква Сен Ив
  • Замок Гајар (средновековна куќа која денес е археолошки музеј)
  • Општинската зграда
  • Ѕидините на стариот гради кои ги опфаќаат:
    • Капетанската кула (голема средновековна кула)
    • Замокот на Ермина (поранешен замок, трансформиран во палата во 17 век)
    • Порта Калмон, средновековна градска порта
    • Порта Призон, средновековна градска порта
    • Порта Потерн, средновековна градска порта
    • Порта Сен Жан, средновековна градска порта
  • Бројни фахверк-куќи во стариот град

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Ван е збратимен со:

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Историја на Ван Официјално мрежно место на градот
  2. Cunliffe, Barry (2008). Britain and the continent: networks of interaction. A Companion to Roman Britain. John Wiley & Sons. стр. 1–11. 
  3. 3,0 3,1 Balter, Michael. „DNA recovered from underwater British site may rewrite history of farming in Europe“. Science. http://news.sciencemag.org/archaeology/2015/02/dna-recovered-underwater-british-site-may-rewrite-history-farming-europe?intcmp=highwire. 
  4. Enseignement bilingue
  5. „British towns twinned with French towns“. Archant Community Media Ltd. архивирано од оригиналот на 5 јули 2013. https://web.archive.org/web/20130705094933/http://www.completefrance.com/language-culture/twin-towns. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]