Воена болница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Воена болница
ТипЈавна здравствена организација
Oснована15 ноември 1944
СедиштеМакедонија Скопје, Македонија
Клучни личностиПолковник д-р. Петре Утковски (командант на ВБ)[1]
ДејностЗдравство
Вработени~ 700
Порталvoenabolnica.gov.mk

Општата градска болница "8-ми септември" (поранешна Воена болница) е најголема здравствена установа за болничко лекување на ниво на секундарна здравствена заштита во Скопје и Република Македонија. Таа е под директна јурисдикција на Министерството за одбрана на Република Македонија. Основана е на 15 Ноември 1944 година со одлука на Главниот штаб на Народно-ослободителната војска на Македонија. Командант на ВБ е полковник Петре Утковски.


За болницата[уреди | уреди извор]

Првата зграда на Воената Болница на местото каде што сега е Скопскиот Саем и Хотел Континентал

По првата Светска војна воената болница се наоѓала на местото каде што сега е Скопскиот Саем и Хотел Континентал, и истата функционирала се до средината на 1971 година]]. Во 1971 година била пуштена во употреба новата зграда која постои и ден денес, која во тоа време била една од најмодрните воено-медицински установи на Балканот. Вкупната површина што ја зафаќа овој комплекс изнесува околу 90.000 м2, од кои под покрив се околу 60.000 м2 а во слободната површина доминира болничкиот парк и паркиралиштата. Стационарниот дел од Воената болница располага со 400 болнички легла. Вработени се околу 700 воени и цивилни лица – здравствени работници, лекари од сите специјалности, специјалисти и субспецијалисти, доктори на науки, магистри, медицински техничари, административен, технички и друг помошен персонал. Амбулантно-поликлиничка специјалистичка здравствена заштита во Воената болница се обезбедува за повеќе од 120.000 пациенти годишно, а болничка здравствена заштита за околу 11.000 болни. Воената болница е наставна база на Медицинскиот факултет и Воената академија.

Научно-истражувачката дејност се реализира во координација со Медицинскиот факултет преку учество на мултидисциплинарни научни проекти, изработка на докторски дисертации и магистерски трудови кои се од интерес за Воената болница.

Структура на болницата[уреди | уреди извор]

Денес во рамките на Воената болница влегуваат: Институтот за превентивна медицина, Воената амбуланта и Воената аптека.

Од 1-ви март 2000 година, со три оддели (Оддел за интензивна нега, Оддел за полуитензивна нега и Дијагностички центар), во склоп на болницата, функцонира и Приватната специјална болница за хируршки болести "Филип Втори".


Институт за превентивна медицина[уреди | уреди извор]

Институтот за превентивна медицина е составена од 5 одделенија и тоа:

  • Хигиенско-хемиско
  • Епидемиолошко
  • Микробиолошко
  • Одделение за медицина на трудот и
  • Одделение за медицинска информатика

Воена амбуланта[уреди | уреди извор]

Воената амбуланта е составена од три пункта кои делуваат во определени подрачја во местата каде што се наоѓаат. Тие се:

  • Пункт воена болница кој има три служби:
  1. Општа служба
  2. Стоматолошка служба и
  3. Лабораторија
  • Пункт Генераштаб којсе наоѓа во зградата на влезот во Генералштабот на АРМ и во него работи само стоматолошка ординација, во која работи стоматолог специјалист по општа стоматологија.

Пунктот е од отворен тип и покрај згрижување на АВЛ, ЦЛ и војниците од ГШ, врши стоматолошки услуги и на лица од граѓанството.

  • Пунк Аеродром кој е сместен во населбата Аеродром, во непосредна близина на касарната “Гоце Делчев” Скопје. Истата е од отворен тип и згрижува: АВЛ, војници, питомци, слушатели на курсеви во Воената академија за ШРО, слушатели за подофицери и офицери, како и пациенти од граѓанството кои ќе ја изберат оваа амбуланта како своја матична.

Амбулантата укажува општа медицинска помош и стоматолошки услуги, а во својот состав има и превијалиште, лабораторија и аптека. Во општата служба има три лекари од кои еден специјалист по општа медицина, а во стоматолошката служба има 4 стоматолози од кои еден специјалист по детска и превентивна стоматологија.

Воена аптека[уреди | уреди извор]

Како организациона единица на Воената болница, Воената аптека е неопходна за нејзино функционирање. Воената аптека ги обединува плановите за потребите на болничките одделенија од лекови и медицински материјали и се грижи за нивна реализација преку прием, чување и издавање, а во согласност со законските прописи. Во рамките на активностите на Воената аптека влегува и издавање на лекови на рецепт за осигуреници на Фондот за здравство и припадниците на безбедносните сили на Република Македонија. За потребите на Воената болница, во Воената аптека се изработуваат магистрални препарати, парентерални раствори и капки за очи. Воената аптека располага со информациски систем кој овозможува редовно следење на потрошувачката на лекови и медицински материјали.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]