Кемпер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кемпер
Quimper
Kemper
Реката Оде во центарот на градот
Реката Оде во центарот на градот
Грб на Кемпер
Грб
Кемпер се наоѓа во Франција
Кемпер
Координати: 47°59′48.12″ СГШ 4°05′47.04″ ЗГД / 47.9967, -4.0964
Земја Франција
Регион Бретања
Департман Финистер
Округ Кемпер
Општ. заедница Кемпер
Управа
 • Градоначалник (2014–2020) Лудовик Жоливе
Површина1 84.45 км2
Население (2008)2 63.929
 • Густина 760/km2
INSEE/Пошт. бр. 29232 / 29000
Надм. висина -5 м
(прос. 6 м)

1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија.

2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш.

Кемпер (француски: Quimper, бретонски: Kemper) – град и општина во областа Бретања, сместена на северозапад на Франција. Градот е префектура на департманот Финистер, седиште на советот на департманот, како и на двата кантони кои влегуваат во негов состав. Неговите граѓани се нарекуваат кемперци и кемперки.

Со 63.532 жители во 2013 година, тој е 77 општина во Франција, трета во Бретања (по Рен и Брест) и втора во Финистер.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Името Кемпер доаѓа од бретонскиот збор kemper што значи устие бидејќи е изграден на вливот на реките Стеир, Фру и Же во Оде.

Географија[уреди | уреди извор]

Кемпер се наоѓа на 15 км од брегот на Атлантскиот Океан. Океанот навлегува длабоко по долината која ја формира реката Оде и му дава на градот положба на повлечено пристаниште, што на некој начин ја објаснува неговата економска улога.

Градот е исто така многу стар крстопат на националниот пат 165 и обласните патишта. Кемпер се наоѓа на 565 км од Париз, 550 км од Бордо, 740 км од Бајон, 790 км од Тулуза, 1.030 км од Монпелје, 1.210 км од Марсеј, 1.370 км од Ница, 215 км од Рен, 232 км од Нант, 71 км од Лорјан, 122 км од Ван и 72 км од Брест.

Историја[уреди | уреди извор]

Кемпер е стариот главен град на Корнуај, најтрадиционалната бретонска област, и има особени бретонски одлики. Низ градот има многу продавници и знамиња кои го слават келтското наследство во областа.

Кемпер бил населен уште од римско доба. Во 495 година тој станува бискупско седиште. Подоцна тој станува седиште на грофовите од Корнуај. Во единаесеттиот век Корнуај се обединува со Бретонското Војводство. За време на граѓанските војни во 14 век градот претрпел значителни разрушувања. Во 1364 година, војводството преминало на Монфорците.


Знаменитости[уреди | уреди извор]

Кемпер со својата архитектура е популарна туристичка дестинација

Градот има рустикален амбиент, со бројни пешачки мостови преку реките кои течат низ него. Црквата Локмарија која датира од 11 век е градена во романски стил. Катедралата Сен Корантен, со својата фасада во готски стил, била изградена меѓу 13 и 16 век. Нејзините две кули се високи 76 метри (врвовите се додадени во 19 век). Нејзините прозорци со витражи се исклучителни. Катедралата му е посветена на првиот кемперски бискуп, Корантен.

Западно од катедралата се наоѓа пешачката зона на стариот дел на Кемпер, со бројни палачинкарници, полудрвени куќи и продавници. Во близина на епископската палата, која сега е музеј (посветен на регионалната историја, археологија, етнологија и економија) се урнатините од ѕидините од градот од 15 век. Во близината е Музејот за ликовни уметности. Музејот има фасада од 19 век, а внатрешноста е целосно изградена наново. Во него е сместена збирка слики од 14 до 21 век, која вклучува дела од Буше, Коро, Удри и Рубенс, како и платна од сликари од школата Пон Аван, како Бернар, Денис, Жорж Лакомб, Максим Мофра и Пол Серизје.

Најпознат производ на градот е грнчаријата од фајанс. Таа се произведува од 1690 година, а на производите имало мотиви од областа дизајнирани од Жан-Батист Буске. Градот исто така е познат по своите производи од бакар и бронза, како и прехранбени, кожни, хартиени и волнени производи.

Население[уреди | уреди извор]

Во 2013 година градот броел 63.532 жители [1]

Бретонски јазик[уреди | уреди извор]

Во 2006 година општината донела план за промоција на бретонскиот јазик. Во 2008 година 4,61% од децата во примарните училишта посетувале билингвална настава [2].

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]