Лот (река)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лот
Lot
Cahors Pont Valentré.jpg
Лот во Каор
ЗемјаФранција
Слив
Главен изворСевени
1.499 м
44°30′54″ СГШ; 3°47′05″ ИГД / 44.51493° СГШ; 3.78462° ИГД / 44.51493; 3.78462
УстиеГарона
44°19′0″N 0°20′6″E / 44.31667° СГШ; 0.33500° ИГД / 44.31667; 0.33500 (Гарона-Лот)Координати: 44°19′0″N 0°20′6″E / 44.31667° СГШ; 0.33500° ИГД / 44.31667; 0.33500 (Гарона-Лот)
ТечениеГаронаАтлантски Океан
Сливна повр.11.254 км²
Физички особености
Должина481 км
Проток
  • Просечен:
    155 м²/с

Лот (француски: Lot), изворно: Олт (окситански: Òlt; латински: Oltis) — река во Франција, десна притока на Гарона. Извира во Севените, а завршува во Гарона кај Егијон, со вкупно течение од 481 км. По неа се наречени департманите Лот and Лот и Гарона.

Реката е подложна на поплавување зиме и напролет, и има поголем број брани во горниот слив, претежно на Тријер, кои даваат енергија од стратешко значење за електростопанството на земјата и туризмот во регионот. Во 1970-тите во Деказвил и Каор започнале иницијативи за обнова на преводниците со цел да се овозможи повторна пловидба по реката.

Течението на Лот, од Севените до вливот во Гарона.
Различни можности за заобиколување на браната во Фимел.

Главни притоки[уреди | уреди извор]

Департмани и градови[уреди | уреди извор]

Лот тече низ следниве департмани и населени места: Лозер (Манд), Кантал, Аверон (Антрег на Тријер, Флањак, Капденак-Гар), Лот (Каор) и Лот и Гарона (Вилнев на Лот, Егијон).

Пловидба[уреди | уреди извор]

Почнувајќи од средниот век, по реката се одвивала трговска пловидба меѓу Антрег and Гарона на растојание од 297 км, користејќи пловила со рамно дно наречени „габари“. Кон крајот на XVII век Жан Батист Колбер спровел мерки за подобрување на пловидбата, а од 1840 г. се јавила потреба за понатамошна канализација, бидејќи јагленокопите кај Деказвил станале значаен добавувач на гориво за погоните во Индустриската револуција. По должина од 270 км се изградени над 75 јазови и преводници, кои воделе до Букес кај Деказвил. Изградбата на железницата од Монтобан до Капденак во 1858 г. извесно време немала значајни последици по стопанската пловидба по реката, туку истата е проширена со нови канали за да се заобиколат речните свиоци кај Лизеш, Кажарк, Монбрен и Капденак. Во 1869 г. ова се променило, со отворање на железнички правци крај поречието, и пловидбата целосно е напуштена до 1926 г. Во 1971 г. е основано здружение за обнова на пловноста за туристички цели. Првиот потег од 64 км е обновен во 1990 г, а до денес се отворени три потега. Долгорочниот план за нивно поврзување е откажан поради недоволна политичка волја и средства.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Edwards-May, David (2012). "Filling gaps on the river Lot". Inland Waterways International. 

Извори[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]