Вилен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Вилен
Vilaine
La Vilaine à Rennes.JPG
Вилен во Рен
Vilaine River Drainage Basin map-fr.svg
Сливот на Вилен
ЗемјаФранција
Слив
Главен изворЖивиње, Мајен
175 м
48°13′46″N 01°03′11″W / 48.22944° СГШ; 1.05306° ЗГД / 48.22944; -1.05306
УстиеАтлантски Океан
47°30′20″N 2°29′57″W / 47.50556° СГШ; 2.49917° ЗГД / 47.50556; -2.49917 (Атлантски Океан-Вилен)Координати: 47°30′20″N 2°29′57″W / 47.50556° СГШ; 2.49917° ЗГД / 47.50556; -2.49917 (Атлантски Океан-Вилен)
Сливна повр.10.882 км²
Физички особености
Должина218,1 км
Проток
  • Просечен:
    80 м³/с
Вилен во Бриз.

Вилен (француски: Vilaine, бретонски: Gwilen)[1]река во Бретања, западна Франција. Извира во департманот Мајен и завршува во Атлантскиот Океан кај Пенестен во департманот Морбијан. Долга е 218 км.

Течение[уреди | уреди извор]

Реката минува низ 4 департмани (Мајен, Ил и Вилен, Атлантска Лоара и Морбијан) и 4 поважни града (Рен, Витре, Редон и Ла Рош Бернар).

Околу Витре се изградени три препреки за да се спречат поплави и да се обезбеди водоснабдување за околните подрачја. По реката има и рекреативни капацитети.

  • 1978: Валјерска препрека
  • 1982: Горновиленска препрека
  • 1995: Виломирска препрека

Хидрологија[уреди | уреди извор]

Текот на реката се движи од 2 до 1.500 м3/с, зависно од сезоната и условите.

Пловидба[уреди | уреди извор]

Вилен е дел од каналскиот систем на Бретања, изграден претежно во XIX век за релативно мали пловила (130 тони). Во 2011 г. сето раководство на системот е префрлено во надлежност на регионот. Во Рен реката се поврзува со каналот Ил и Ранс, а оттука во устието на Ранс, кое навлегува во протокот Ламанш кај Сен Мало. Во Рендон се вркстува со каналот Нант-Брест, овозможувајќи пристап до Понтиви и Блаве на запад и Нант на исток.

Главни притоки[уреди | уреди извор]

  • Ил
  • Ме
  • Сејш
  • Семнон
  • Шер
  • Дон
  • Уст
  • Изак

Наводи[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  • Геопортал (француски)
  • Вилен — основни хидролошки податоци и информации за сливното подрачје (француски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Вилен — пловидба, места и пристани