Марна (река)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Марна
Le Pont sur la Marne à Créteil, par Paul Cézanne, Yorck.jpg
Марна на слика од Пол Сезан
ЗемјаФранција
Слив
Главен изворШампања-Ардени
УстиеСена
48°48′57″N 2°24′40″E / 48.81583° СГШ; 2.41111° ИГД / 48.81583; 2.41111 (Seine-Marne)Координати: 48°48′57″N 2°24′40″E / 48.81583° СГШ; 2.41111° ИГД / 48.81583; 2.41111 (Seine-Marne)
Сливна повр.12.800
Физички особености
Должина514 единица?
Проток
  • Просечен:
    100

Марна (фр. Marne) е река во Франција, десна притока на Сена во која се влева југоисточно од Париз. Долга е 514 км.[1] По реката е наречени департманите Горна Марна, Марна, Сена и Марна и Долина на Марна.

Остров на Марна кај Шел

Извира од висорамнината на Лангр, тече на север и се извива на запад помеѓу Сен Дизје и Шалон ан Шампањ, влевајќи се во Сена кај Шарантон (Париз). Во регионот Шампања, дел од водата минува низ вештачкото езеро Дер Шантекок, кое служи за регулација на водотекот. Со ова се спречуваат големи надоаѓања или низок водостој во подолниот тек на реката.[2]

Реката е позната како значајно војувалиште кајшто се случиле две битки во Првата светска војна. Првата битка (1914) одиграла клучна пресвртна улога во Првата светка војна. Втора битка се случила по четири години, во 1918.

MapMarne.jpg

Во текот на XIX и XX век, реката Марна инспирирала разни сликари, меѓу кои:

Департмани и поважни места по течението[уреди | уреди извор]

Брегот на Марна кај Ноази ле Гран (Париз)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Марна во базата „Сандр“".  (француски)
  2. "Скротување на Марна". Архивирано од изворникот на 14 ноември 2006. конс. 1 јуни 2006.  (француски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]