Сен Дизје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сен Дизје
Saint-Dizier
Црквата Св. Богородица во Сен Дизје
Црквата Св. Богородица во Сен Дизје
Грб на Сен Дизје
Грб
Сен Дизје is located in Франција
Сен Дизје
Сен Дизје
Местоположба во регионот Шампања-Ардени
Сен Дизје is located in Шампања-Ардени
Сен Дизје
Координати: 48°38′18″ СГШ; 4°56′59″ ИГД / 48.6383° СГШ; 4.9497° ИГД / 48.6383; 4.9497Координати: 48°38′18″ СГШ; 4°56′59″ ИГД / 48.6383° СГШ; 4.9497° ИГД / 48.6383; 4.9497
ЗемјаФранција
РегионГолем Исток
ДепартманГорна Марна
ОкругСен Дизје
Управа
 • Градоначалник (2014–2020) Франсоа Корни-Жантиј
Површина147.69 км2 (18.41 ми2)
Население (1999)230.900
 • Густина650/км2 (1,700/ми2)
INSEE/Пошт. бр.52448 / 52100
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш.

Сен Дизје (француски: Saint-Dizier – француска општина во департманот Горна Марна на североисток на Франција.

Градот брои 31 000 жители според пописот од 2003 година и е потпрефектура на департманот. Иако Сен Дизје е најголемо место во Горна Марна според бројот на жители, префектурата е во помалата општина Шомон.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Сен Дизје името го добил по непознат светец, можно од Дезидериус од Фонтенел.

Географија[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа на околу 190 км источно од Париз, на пол пат до Стразбур. Во негова близина, на 8 км, се наоѓа најголемото вештачко езеро во Западна Европа, езерото Дер Шантекок.

Клима[уреди | уреди извор]

Климатски податоци за Сен Дизје (1981–2010 просеци)
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 17,7 22,6 25,2 29,4 31,8 36,8 39,0 40,4 33,7 29,2 23,4 18,6 40,4
(nil)
Прос. висока °C (°F) 6,1 7,6 11,7 15,4 19,7 22,8 25,5 25,1 20,8 16,0 10,0 6,6 15,7
Прос. ниска °C (°F) 0,3 0,3 2,8 4,9 9,1 12,0 14,1 13,7 10,6 7,7 3,6 1,3 6,7
Најниска забележана °C (°F) -19,5 -22,5 -13,6 -6,0 -3,0 2,2 3,2 3,7 0,2 -5,1 -11,7 -17,3 -22,5
(nil)
Прос. врнежи мм (ин) 71,8 60,5 66,2 60,2 72,4 65,9 70,4 68,8 74,2 78,6 69,5 85,2 843,7
Прос. бр. врнежливи денови 12,2 10,6 11,8 10,4 11,0 10,3 9,6 9,0 9,6 11,4 12,2 13,1 131,1
Прос. бр. снежни денови 6,3 5,2 3,6 1,4 0,1 0,0 0,0 0,0 0,0 0,0 2,5 4,5 23,6
Прос. релативна влажност (%) 86 81 78 73 74 75 74 77 81 85 87 86 79,8
Сред. бр. сончеви часови месечно 66,4 80,3 136,8 174,2 210,7 220,0 228,0 220,5 166,3 117,7 58,4 47,6 1726,9
Извор бр. 1: Метео Франс (Météo France)[1][2]
Извор бр. 2: Infoclimat.fr (влажност и снежни денови, 1961–1990)[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Градот настанал како утврдена населба околу замок од тринаесеттиот век и станува кралска тврдина за да го штити француското кралство од напади од исток. Во летото 1544 година, градот бил опсаден и освоен од Карло V, кралот на Светото Римско Царство. Во 1775 година две третини од центарот на градот биле уништени од пожар. До Француската револуција, замокот бил сопственост на Орлеанската династија. Во Втора светска војнаВтората светска војна, замокот им служел како штаб на германските трупи, а денес во него е сместен општинскиот музеј.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Données climatiques de la station de Saint-Dizier“ (француски). Meteo France. 
  2. „Climat Champagne-Ardenne“ (француски). Meteo France. 
  3. „Normes et records 1961-1990: Saint-Dizier - Robinson (52) - altitude 139m“ (француски). Infoclimat. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]