Ен (река)
Ен | |
---|---|
Ен низ Пон д'Ен | |
Изворно име | француски: Ain / франкопровансалски: En |
Местоположба | |
Земја | Франција |
Физички особености | |
Извор | |
• место | венец Јура |
• координати | 46°44′58″N 6°01′24″E / 46.7494° СГШ; 6.0233° ИГД |
• надм. вис. | ± 700 м |
Устие | |
• место | Рона |
• координати | 45°47′45″N 5°10′10″E / 45.7958° СГШ; 5.1694° ИГД |
Должина | 190 км |
Големина на сливот | 3.630 км2 |
Проток | |
• просечен | 130 м3/с |
Особености на сливот | |
Течение | Рона→ Средоземно Море |
Ен (француски: Ain; франкопровансалски: En) — река во источна Франција, десна притока на Рона. Долга е вкупно 190 километри.[1] По реката е наречен департманот Ен.
Течение
[уреди | уреди извор]Реката извира од варовници близу селото Ла Фавјер, на јужниот крај венецот Јура, на надморска висина од 700 метри.
Изворот се наоѓа во старата грофовија Франш Конте. Реката тече низ департманите Јура и Ен, од кои првиот е наречен по планините, а другиот по самата река. Поважни населени места по течението се Шампањол и Пон д'Ен.
Утоката во Рона се напоѓа кај селото Антон, на околу 40 км источно од Лион.
Геологија
[уреди | уреди извор]Ен тече низ два региона. Јура е по дефиниција јурски, но е помалку глинест од јурскиот терен во Англија; така, горната и средна јура се одликуваат со варовнички терен, особено лапорец[2]. По долното течение, реката минува низ холоценски наноси од реката меѓу карпите од редниот или горниот плеистоцен.[3]
Венецот Јура се состои од варовнички слоеви притиснати во облик на сртови предизвикани со ширењето на раседната долина на Сона и Алпите, од кои второспоменатите се издигнати со судирање на италијанската тектонска плоча со Европа. Највисок е најисточниот срт, а Ен тече на југ по најниската долина која се протега по западната страна на Јура. Сртот во најзпадниот дел е повисок бидејќи низината на Сона е вовлечена под јурските карпи.[4] Целиот предел доживеал заледникување, но на Јура се забележува релативно малку нанос.
Долното течение оди по низината, која има плеистоценски материјал од леднички нанос. Меѓутоа, ниската косина помеѓу Домб и реката е од миоценско време.[3]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Стопанството во поречието на Ен е поскромно, без поголеми градови и извозно производство. Населението е раштркано. Исклучок од ова е градот Ојона во долината Анж која се протега напоредно на Ен. Според едно предание, во 630 г. градот добил исклучиво право на изработка на чешли од епископот Леодегар. Традиционални занаети се изработката на дрвенарија, коскените чешли и дребулии. Ова во поново време довело до развој на пластичарството, почнувајќи од производството на целулоид во 1880 г. Денес е застапена изработката на пластични маси и предмети со вбризгување и вакуумско обликување.
Најкрупен природен ресурс во сливот на Ен е дрвената граѓа. Од граѓата во минатото се добивал и дрвен јаглен, кој го овозможил развојот на железарството во долината на Сона. Застапено е и сточарството, со нагласок на производствот на сирење. На почтокот на XX век на реката се изградени хидроцентрали, што го потпомогнало развојот на раното пластичарство во Ојона.
Подрачјето околу Ен има необично големо количество врнежи, иако лете времето е поволно и добива посетители поради впечатливите шуми и природни глетки, како и можностите за риболов и едрење.
Фауна
[уреди | уреди извор]Реката е мошне богата со разновидна раиба, меѓу кои пастрмка, липлен, штука, костреш, мрена, платика, крап, лињак, црвеноперка, пиор, клен и штипалка.[5]
Бреговите се дом на голем број птици од разни видови, и тоа патки, чапји, лебеди и шлуки. Во реката има и дабри кои прават свои брани, а во крајречните шуми се среќава дивата свиња и срната. Видрите се повторно присутни во реката, што укажува на подобрување во квалитетот на водата.
Природозаштита
[уреди | уреди извор]Околината по долината на Ен е релативно дива. Заштитена е со законски уредби за управување со водите, чија цел е да обезбеди запазување на природната средина на реката при нејзиното стопанско и рекреативно исползување, како и индустрискиот разој во мелиорираната делта во утоката.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ен на базата „Сандр“ (француски)
- ↑ Encyclopediædia Britannica (1960), стр. 13
- ↑ 3,0 3,1 Carte géologique de la France à l'échelle du millionième 6th edn, (2003) ISBN 2-7159-2158-6
- ↑ Dercourt, J. Géologie et Géodynamique de La France Outre-mer et européenne III изд. (2002) ISBN 2-10-006459-2
- ↑ Од Фауна на статијата од Википедија на француски јазик
Литература
[уреди | уреди извор]- Michelin France Tourist and Motoring Atlas (2002) ISBN 2-06-100128-9
- Bartholomew, J.G. The Times Survey Atlas of the World (1922)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Ен“ на Ризницата ? |
- Ен во базата „Сандр“ Архивирано на 1 септември 2019 г. (француски)
- Ен во Енциклопедија Британика (англиски)
- Малостопанското производство во поречието на Ен (англиски)
- Горнопалеолитска пештерска уметност (англиски)
|