Солница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Солница на езерото Карум во Етиопија.
Вадење сол од Ујунската Солница во Боливија.

Солница — рамен предел од земјиште покриено со слој од сол и други минерали. Ова се природни појави кои се среќаваат во пустини, за разлика од соланите, кои се вештачки творби.

Преглед[уреди | уреди извор]

Една солница се образува со испарувањето на вода од езеро или бара. Ова се случува во мошне сушни предели, каде испарувањето на водата е поголемо од количеството на врнежи. Тука водата нема можност да се исцеди во земјата, па останува на површината додека не испари, оставајќи талози од минералите растворени во водата. Со текот на илјадници години овие соли се таложат во дебел слој, наречен и „дебела земја“.[1] Минералите ја одбиваат сончевата светлина, што му даваат сјајно бела боја на пределот.

Некои солници можат да бидат опасни. Кората може да крие блатиште од кал во кое се заглибуваат потешките возила. Познат пример за ваков предел е депресијата Катара во источна Сахара, чии прикриени блатишта послужиле како стратешки препреки за време на Втората светска војна.[2]

Примери[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. солницаДигитален речник на македонскиот јазик
  2. Jorgensen, C. (2003). Rommel's panzers: Rommel and the Panzer forces of the Blitzkrieg, 1940-1942 (стр. 78–79). St. Paul, MN: MBI.
  3. Keating, Joshua (21 октомври 2009). „Bolivia's Lithium-Powered Future: What the global battery boom means for the future of South America's poorest country.“. Foreign Policy. 
  4. Borsa, A. A. „GPS Survey of the salar de Uyuni, Bolivia, for Satellite Altimeter Calibration“, American Geophysical Union, Fall Meeting.
  5. Lamparelli, R. A. C.; Ponzoni, F.J.; Zullo, J.; Queiroz Pellegrino, G.; Arnaud, Y.. Characterization of the Salar de Uyuni for in-orbit satellite calibration. „IEEE Trans. Geosci. Remote Sens.“ том  41 (6): 1461–1468. doi:10.1109/TGRS.2003.810713. Bibcode2003ITGRS..41.1461C. 

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]