Висиномер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пример на авионски висиномер кој покажува висина од 10.180 стапки

Висиномер или алтиметар — инструмент кој се користи за мерење на надморската висина на објектот во однос на одредено фиксирано ниво.

Барометарски висиномери[уреди | уреди извор]

Висината може да се одреди на основа на мерењето на атмосферскиот притисок. Колку е поголема висината притисокот е помал. Кога барометарот е нелинеарно калибриран за да ја покажува висината, се нарекува барометарски висиномер. Ваквиот вид на висиномери е најчесто вграден во воздухопловите, а го користат и падобранците. Планинарите и алпинистите користат уреди кои изгледаат како рачен часовник.

Баждарењето на висиномерите може да се опише со следната равенка:

каде c е константа, T апсолутна температура, p притисок на висина h, а po притисок на нивото на морето. Константата c зависи од гравитациското забрзување и моларната маса на воздухот. Сепак треба да се биде свесен дека отчитувањата кај овие уреди може да варираат стотина стапки заради наглите промени на воздушниот притисок заради.

Примена во планинарење и искачувања[уреди | уреди извор]

Барометарските алтиметри, користени заедно со топографска карта, можат да помогнат во одредување на местоположбата. Освен тоа што се подоверливи, тие често се и поточни од ГПС приемниците. Имено, ГПС може да биде недостапен заради надморската висина, засолнатост или некој друг фактор, додека атмосферскиот притисок се менува напоредно со времето, па корисниците на оваа опрема можат да ги дотераат своите инструменти кога ќе се најдат на позната висина, како што обележан врв на топографска карта.

Примена во воздухопловството[уреди | уреди извор]

Пресек кој ги покажува деловите на осетлив авионски алтиметар
Пример на најмногу користениот вид на авионски барометри

Во воздухопловството, барометарскиот висиномер го мери атмосферскиот притисок на надворешната средина со помош на питостатичен систем. Воздушниот притисок се смалува со зголемување на висината – приближно 100 hPa на 800 m, односно 1 mmHg на 1000 стапки над нивото на морето.

Ваквиот висиномер е калибриран да го прикажува притисокот како висна на нивото на морето во согласност со математичкиот модел дефинира со Меѓународниот атмосферски стандард (International Standard Atmosphere (ISA)). Постарите авион користат едноставен барометар каде стрелката може да направи помалку од едно свртување на скалата од нула до максимум. Овој дизајн подоцна еволуирал во дизајн каде примарната игла и една или повеќе секундарни игли го покажуваат бројот на револуции, слично како кај часовникот. Со други зборови, секоја стрелка покажува различна цифра на измерената висина. Сепак, овој дизајн е напуштен бидејќи лесно доаѓа до грешки при читањето, особено во стресни ситуации. Сето наведено довело до дизајн во кој секоја револуција на една стрелка вреди илјада стапки, додека бројот на илјадарки се покажува на одометарот. За да ја одреди висината на леталото, пилотот мора прво да ги погледа илјадарките, а потоа да ја одреди положбата на стрелката, односно да ги отчита стотините стапки. Последниов е најчесто користен вид на алтиметар кој станал стандард во општата авијација.

Модерните авиони користат нагодливи висиномери, на кои можат да се нагоди референтниот притисок (притисокот на ниво на морето). Референтниот притисок се мери во инчи живин столб во САД и Канада, додека во другите држави се користат хектопаскали (порано милибари), кои се покажуваат на Колмановиот прозорец. Нагодувањето е неопходно бидејќи атмосферскиот притисок зависи од местото, температурата и движењето на воздушните маси во атмосферата.