Нова Земја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Нова Земја
руски: Но́вая Земля́
Карта на Нова Земја

Локација на Нова Земја, со означена локација на детонацијата на Цар-Бомба
Географија
Местоположба Северен Леден Океан
Координати 74° СГШ 56° ИГД / 
Поважни острови 2
Површина 90.650 км2
Макс. надм. височ. 1.547 м
Земја
Федерален субјект Архангелска област
Најголем град Белушја Губа (нас. 1,972)
Демографија
Население 2,429 (2010)
Нова Земја се наоѓа во Русија
Местоположба на Нова Земја во рамките на Русија
Грбот на Нова Земја

Нова Земја (руски: Но́вая Земля́) — архипелаг во Северниот Леден Океан во северна Русија, чиј ’рт Флисингски е најисточно место во Европа. Архипелагот претставува реон во состав на Архангелската област[1] и урбан округ на општинско ниво.[2] Населението брои 2.429 жители (2010), од кои 1.972 живеат во административниот центар Белушја Губа.[3]

Домородното население се состоело од 50–300 Ненци,[4] што се занимавале претежно со риболов, лов со стапици, чување ирваси и лов на бели мечки и фоки. Живееле на островите од 1872[5][6] до 1950-тите, по што биле преселени на копното поради атомските проби.[7][8]

Архипелагот се состои од два главни острова (Северен и Јужен) одделени со тесниот Маточкинов Проток и повеќе мали островчиња. Зафаќа вкупна површина од 90.650 км² и ги двои Баренцовото и Карското Море.

За време на Студената војна, на овие острови се изведувале разни значајни воени вежби и проби, командувани од базата во Рогачево. Војската е присутна и денес. На 30 октомври 1961 г. тука е фрлена познатата „Цар-бомба“ — најсилната пукната атомска бомба во историјата.

Природна околина[уреди | уреди извор]

Нова Земја е продолжеток на северниот дел на Урал,[9] па затоа внатрешноста на островите е сосем планинска.[10] Меѓу Јужниот Остров и копното се протега протокот Карска Врата.[10] Планините достигнуваат надморска височина од 1.547 м.[11] На Северниот Остров има поголем број на ледници, додека пак јужниот се одликува со тундра.[7] Природните ресурси се застапени со бакар, олово и цинк.[7]

Екологијата е ограничена од суровата клима, но сепак подрачјето има разновиден жив свет. Меѓу позабележителните жители на островите е белата мечка, чија популација околу Баренцовото Море е генетски различна од оние на други места.[12]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Закон бр. 65-5-OZ
  2. Закон бр. 258-внеок.-ОЗ
  3. „Всероссийская перепись населения 2010 года. Том 1“. Всероссийская перепись населения 2010 года. Федерална служба за државна статистика. 2011. http://www.gks.ru/free_doc/new_site/perepis2010/croc/perepis_itogi1612.htm. конс. 29 јуни 2012 г. 
  4. „Microsoft Word - North Test Site _FINAL_.doc“ (PDF). http://www-ns.iaea.org/downloads/rw/waste-safety/north-test-site-final.pdf. конс. 27 септември 2012 г. 
  5. „Новая земля - история заселения“. Belushka.virtbox.ru. http://belushka.virtbox.ru/history2.htm. конс. 27 септември 2012 г. 
  6. „Новая земля в 1917—1941 гг“. Belushka.virtbox.ru. http://belushka.virtbox.ru/history3.htm. конс. 27 септември 2012 г. 
  7. 7,0 7,1 7,2 „Нова Земја — Енциклопедија „Колумбија““. http://www.encyclopedia.com/topic/Novaya_Zemlya.aspx#1. конс. 14 октомври 2006 г.  (англиски)
  8. [www.npc.sarov.ru/issues/volume1/ussr_nt_volume_1_chapter_2.pdf Ядерные испытания СССР. Том 1. Глава 2], стр. 58.
  9. „Нова Земја, северна Русија“. НАСА. http://visibleearth.nasa.gov/view_rec.php?id=5612. конс. 14 октомври 2006 г.  (англиски)
  10. 10,0 10,1 Novaya „Нова Земја — Енциклопедија „Британика““. 1911. http://www.1911encyclopedia.org/Novaya_Zemlya. конс. 14 октомври 2006 г.  (англиски)
  11. Воена картографија на Руската армија. Највисоката точка се наоѓа на 75°10′ СГШ 57°50′ ИГД / 
  12. C. Michael Hogan (2008) Polar Bear: Ursus maritimus, Globaltwitcher.com, ed. Nicklas Stromberg

Надворешни врски[уреди | уреди извор]