Антиген
Изглед
Во имунологијата, антиген, односно генератор на антитела, е секоја супстанција која служи како целна одредница за рецепторите на стекнатиот имун систем, T-клеточниот рецептор, B-клеточниот рецептор или неговата секретирана форма, антителата.
Потекло на антигените
[уреди | уреди извор]Егзогени антигени
[уреди | уреди извор]Егзогените антигени навлегуваат во телото од надворешната средина, со инхалација, ингестија или инјектирање.
Ендогени антигени
[уреди | уреди извор]Ендогените антигени се оние антигени кои се создаваат во клетките како резултат на нормалниот клеточен метаболизам, или поради вирусна или меѓуклеточна бактериска инфекција.