Тетанус
Тетанус | |
---|---|
![]() Мускулни грчеви, кај пациент со тетанус | |
Класификација и надворешни извори | |
МКБ-10 | A33-A35 |
МКБ-9 | 037, 771.3 |
DiseasesDB | 2829 |
MedlinePlus | 000615 |
eMedicine | emerg/574 |
MeSH | D013742 |
![]() | Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување во врска со темите од областа на медицината (здравјето). |
Тетанусот е акутна болест која ја предизвикува бактеријата (латински: Clostridium tetan) која произведува два токсини, од кои еден доведува до прекин на црвените крвни зрнца, а другиот се шири по централниот нервен систем, што предизвикува болни мускулни контракции и мускулна ригидност. До инфекција со бактеријата доаѓа преку повреди и рани на кожата. Тетанусот е проширен низ цел свет, но се спречува со вакцинација.
Симптоми[уреди | уреди извор]
Болеста се манифестира со:
- треска;
- мускулни грчеви, постојат два вида на грчење:
- постојано - континуирани, не минуваат и до неколку дена;
- повременo - краткотрајни кои траат од неколку секунди до една минута.
Инкубацијата трае два дена па дури и до неколку месеци. Кај пациентите прво се забележуваат мускулни грчеви при џвакање, а потоа грчењето се шири низ цело лице, што доведува до карактеристичен изглед на лицето на заболениот (латински: facies tetanica). Потоа грчевите ги зафаќаат и мускулите во грбот, па пациентот го тера на лежење во необична положба (во лак кон наназад). Кога грчевите ќе ги зафатат и предниот дел, кај градниот кош и стомакот, кај пациентот се јавуваат тешкотии со дишење.
- Покрај грчење на мускулите, присутни се и болки на целата мускулатура. Во лесните облици ова грчење трае по неколку секунди, но во потешките и до минута, но се повторуваат на неколку минути, со што се влошува состојбата на пациентот. Во случај на подолго грчење на респираторната мускулатура може да дојде и до цијаноза и смрт кај пациентот.
Дијагноза[уреди | уреди извор]
Дијагнозата се поставува исклучиво на темелно прегледување на клиничката слика, а посебно треба да се обрати внимание на раните на пациентот.
Лекување[уреди | уреди извор]
За лекување на тетанусот потребно е обработка на раните и антибиотска терапија, најчесто со пеницилин. Потребно е да се примени и хуман тетанус имуноглобулин (HTIG) и тетанус анатоксин. На пациентите им се дава и препарати од диазепам, мускулни релаксанси, бета блокатори, аналгетици и кардиотоници. Се препорачува и одење во тивки и мрачни простории, по можност во болнички услови.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Класификација | |
---|---|
Надворешни извори |
|