Вакцинација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дете добива вакцина против детска парализа.

Вакцинација претставува администрација на антигенски матријал (Вакцина) со цел стимулирање на имуниот систем на личноста да развие адаптивен имунитет на патоген. Вакцините можат да го превенираат или ублажат морбидитетот од инфекција. Ефективноста на вакцините била темелно испитувана и потврдена; пример за тоа се, вакцината за грип,[1] ХПВ вакцината,[2] и вакцина за овчји сипаници.[3] Вакцинацијата е најефективен метод за превенција на инфективни болести ;[4] глобалниот имунитет кој се постигнува благодарение на вакцините е одговорен за светска ерадикација на големи сипаници и намалување на инциденцата на болести како што се детска парализа, мали сипаници, и тетанус во поголем дел од светот. Светската здравствена организација (СЗО) известува дека до денес достапни се лиценцирани вакцини за превенција или помош при превенција и контрола на дваесет и пет инфекции.[5]

Активниот агенс на вакцините може да биде интактна но инактивирана (неинфективна) или атенуирана (со намалена инфективност) форма на причинувачкиот патоген,или пак прочистени компоненти на патогенот кои имаат голема имуногеничност (пример, протеини на надворешна обвивка на вирусот). Токсоиди се произведуваат за имунизација против болести предизвикани од токсини, како што е случајот со модификација на тетаноспазмин токсин на тетанус при што се отстрануваат неговите токсични ефекти а се задржува имуногеничниот ефект.[6]

Големи сипаници се првото заболување за кое се направени обиди за превенција со самоинокулација [7][8] и првото заболување за кое е произведена вакцина. Вакцината за големи сипаницибила создадена во 1796 од страна на британскиот доктор Едвард Џенер,иако најмалку шест други научници користеле слични принципи во годините пред нејзиното создавање.[9] Луис Пастер продолжил да го развива концептот преку неговата работа во полето на микробиологија. Имунизацијата била наречена вакцинацијапоради тоа што првата вакцина била произведена со помош на вирус кој ги афектирал кравите(латински: vacca—крава).[7][9] Големите сипаници биле инфективна и смртоносна болест која причинувала смрт кај 20–60% од инфицираните возрасни лица и над 80% кај инфицираните деца.[10] Кога големите сипаници биле конечно ерадицирани во 1979, бројот на мртви од оваа болест достигнал околу 300–500 милиони луѓе[11][12][13] во дваесетиот век.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Fiore AE, Bridges CB, Cox NJ. Seasonal influenza vaccines. „Curr. Top. Microbiol. Immunol.“. Current Topics in Microbiology and Immunology том  333: 43–82. doi:10.1007/978-3-540-92165-3_3. ISBN 978-3-540-92164-6. PMID 19768400. 
  2. Chang Y, Brewer NT, Rinas AC, Schmitt K, Smith JS (јули 2009 г). Evaluating the impact of human papillomavirus vaccines. „Vaccine“ том  27 (32): 4355–62. doi:10.1016/j.vaccine.2009.03.008. PMID 19515467. 
  3. Liesegang TJ (август 2009 г). Varicella zoster virus vaccines: effective, but concerns linger. „Can. J. Ophthalmol.“ том  44 (4): 379–84. doi:10.3129/i09-126. PMID 19606157. 
  4. World Health Organization, Global Vaccine Action Plan 2011-2020. Geneva, 2012.
  5. „Tetanus“ (PDF). http://www.cdc.gov/vaccines/pubs/pinkbook/downloads/tetanus.pdf. конс. 1 март 2014 г. 
  6. 7,0 7,1 Lombard M, Pastoret PP, Moulin AM. A brief history of vaccines and vaccination. „Rev. - Off. Int. Epizoot.“ том  26 (1): 29–48. PMID 17633292. 
  7. Behbehani AM. The smallpox story: life and death of an old disease. „Microbiol. Rev.“ том  47 (4): 455–509. PMID 6319980. PMC: 281588. http://mmbr.asm.org/cgi/pmidlookup?view=long&pmid=6319980. 
  8. 9,0 9,1 Plett PC. Plett and other discoverers of cowpox vaccination before Edward Jenner (на German). „Sudhoffs Arch“ том  90 (2): 219–32. PMID 17338405. http://lib.bioinfo.pl/meid:4459. конс. 12 март 2008 г. 
  9. Riedel S. Edward Jenner and the history of smallpox and vaccination. „Proc (Bayl Univ Med Cent)“ том  18 (1): 21–5. PMID 16200144. 
  10. Koplow, David A. (2003). Smallpox: the fight to eradicate a global scourge. Berkeley: University of California Press. ISBN 0-520-24220-3. http://books.google.com/books/ucpress?vid=ISBN9780520242203. 
  11. „UC Davis Magazine, Summer 2006: Epidemics on the Horizon“. http://ucdavismagazine.ucdavis.edu/issues/su06/feature_1b.html. конс. 3 јануари 2008 г. 
  12. How Poxviruses Such As Smallpox Evade The Immune System, ScienceDaily, February 1, 2008