Бронходилататор

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бронходилататор е супстанца која ги дилатира бронхиите и бронхиолите, со што се намалува отпорот во дишните патишта и го подобрува протокот на воздух во белите дробови. Бронходилататорите можат да бидат ендогени, или пак можат да бидат лекови кои се администрираат во третманот на голем број на болести.

Бронходилататорите можат да бидат брзоделувачки или спороделувачки. Трите типови на бронходилататори кои наоѓаат примена во клиничката пракса се β2(„бета два“)-адренергични агонисти (брзо- и спороделувачки), антихолинергици (брзоделувачки), и теофилин (спороделувачки).