Историја на Истанбул

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Историјата на денешниот град Истанбул се однесува на градот кој бил основен од страна на старите грчки племиња, кој град би наречен Византион, преку префрлувањето на престолнината на Римското Царство од страна на Константин I Велики од Рим во т.н. Нов Рим, кој град подоцна станал престолнина најпрвин на Византија (Цариград) и Отоманското Царство (како Цариград, Стамбол и слично), пред оваа царство да се распадне и градот под денешното име Истанбул биде вклучен во составот на Република Турција.

Рана историја[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Византион.

Во 2008 година, за време на градежните работи на Истанбулското метро и тунелот Мармари, односно на деловите на поранешниот Цариград, била пронајдена непозната неолитска населба која датира од околу 6500 п.н.е.[1][2][3] [4]Првата колонизација на околината околу денешниот град и во Анадолија била во времето на енеолитот, односно во периодот помеѓу 5500-3500 п.н.е Прва населба која била населена е денешниот Кадиќој (Халкедон), од страна на Фенекијците. За основањето на градот постојат повеќе легенди. Според една, Бизас или Визас од Мегара, град блиску до Атина го основал градот. Тој со својата флота од неговиот град испловил кон североисток по Егејското море. Тој го прашал оракулот во Делфи каде точно да го основа својот нов град, а оракулот кажал: “кај слепците“. Тој точно не разбрал што всушност значело тоа. Но кога пристигнал на бреговите од Мала Азија на Босфорот, разбрал што значело истото. На брегот постоел грчки град по име Халкедон. Визас сметал дека жителите на градот се слепи бидејќи не гледале со каква земја располагаат само на неколку метри од другата страна на Босфорот. Така, тој таму го основал градот, и го нарекол по себе си Византион. Градот многу бргу станал основен трговски град поради својата географска положба и единствениот пат кој водел кон Црно Море. Покасно, Византион го презел Халкедон.

Византион во текот на својата историја бил зазиман на неколку пати. Во 269 п.н.е. бил заземан од страна на битниците. Во 202 п.н.е., за да не биде нападнат од страна на Македонците, властите на градот се обрнале кон Римјаните за помош. Во текот на овој период, градот и регионот паднале под големо влијание на Рим. Во 146 п.н.е. градот бил ставен во територијата на Римското Царство. Во 73 година, Византион бил вклучен во римската провинција Битинија.

По нападот на Песцениј Нигер против победничкиот римски цар Септимиј Север, градот бил под опсада од страна на Римјаните и претрпел голема штета во 196 година. Византион бил обновен од страна на Север и брзо ги повратил својот претходен просперитет. Во тој период започнала изградбата на хиподромот во градот. За многу краток период градот го носел и името Август Антонија кое било дадено од страна на царот Септимиј Север во чест на неговиот син Анатониј.[5] Во 269 година, градот бил загрозен од страна на Готите. Постигнувајќи победа, Готите изградиле столб на брегот од морето, денеска познат како Готски столб.

Во 313 година, градот бил окупиран од страна на војските од градот Никомедија. Римскиот цар Константин Велики го ослободил градот во 324 година.

Византиско Царство[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Византиски Цариград.

Местоположбата на Византион најмногу му го привлекла вниманието на Константин I Велики во 324. Во текот на 3 век, Римското Царство била опфатена со голема криза. Во тогашни услови, старата престолнина Рим немала услови да опстојува како таква во такви услови. Царот Диоклецијан тоа многу добро го разбрал, и затоа во негово време тој со своето царство раководел од Никомидија во Мала Азија. Неговиот наследник, Константин I Велики бил прв цар кој барал простор за изградба на новата престолнина. Според него, таа требало да се изгради на Босфорот, на местото каде се наоѓал античкиот грчки град Византион. Ова било местото кое Европа ја делел од Азија. Изградбата на новата престолнина започнала во 324 година. Лично Константин бил оној кој го направил планот на градските ѕидини. По само шест години, на 11 мај 330 година бил официјално основан градот под името Цариград, градот на Константин. Од тогаш, тој исто така бил нарекуван и Нов Рим. Покасно, градот од страна на Словените бил наречен Цариград.

Поради добрата стратегиска и географска положба на градот, Цариград станал огромен град за тоа време, скоро половина милион жители. Тој бил изграден во римски дух и традиција. За разлика од стариот Рим, новиот Рим бил не само римски туку и христијански. Во него биле изградени големи дворци, амфитеатри, аквадукти и христијански храмови. Една од најпознатата градба од раната историја на Цариград е црквата Аја Софија, која била седиште на Цариградската Патријаршија, како духовен водач на православните христијани. Денеска, истата се наоѓа во населбата Фенер во Истанбул[6].

Цариград, по крајот на Западното Римско Царство станал престолнина на Византија. Во средината на 6 век, градот го доживеал својот златен период. Царот Јустинијан I го изградил градот во еден од најголемите во тоа време. Во следните векови градот бил ставен под опсада многу пати.

Латинско Царство[уреди | уреди извор]

Во 1204, односно во текот на Четвртата крстоносна војна, во походот кон Ерусалим, крстоносците го зазеле Цариград.[7]Како една од причините за напаѓање на градот од страна на крстоносците била нивната финансиска зависност од Венеција, чии флоти требало да бидат транспортирани до бреговите на Светата земја. Поради недостаток на финансиски средства, крстоносците биле принудени од страна на Енрико Дандоло за напад кон градот, претходно зазимајќи го Задар. По преземањето на градот, бил ставен на еден начин крај на Византија. Од нејзините територии биле создадени три царства: Никејско Царство, Трапезунтско Царство и Епирско деспотство. Во времето на Латинското Царство, Цариград бил изложен на постојано ограбување од страна на крстоносците. Голем број на реликви, мошти на светци и предмети од религиозно значење биле пренесени на запад во Европа. Во 1261 година, градот повторно бил заземен од страна на Византија во времето на Михаил VIII Палеолог.

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Отомански Цариград.

Во последните децении на Византија, градот заедно со царството западнале во голема финансиска криза. Долго време, градот постоел само како град-држава, кој бил опколен од Отоманското Царство. Војската која го бранела Цариград била мала. Имала околу 7000 луѓе под оружје од кои околу 2000 биле странци. Во моментот кога започнала османлиската опсада, заедно со бегалците од околината, популацијата изнесувала околу 50.000 луѓе[8].

На почетокот на опсадата, Мехмед II ги испратил неговите најдобри единици да ги редуцираат преостанатите упоришта на Византијците кои се наоѓале надвор од градот. Тврдината Терапија на Босфор и малиот замок во селото Студиус, во близина на Мраморното море, биле заземени за само неколку дена. Островот на принцовите, во Мраморното море, бил заземен од страна на флотата на адмиралот Балтоглу. [9]Во ноќта на 28 април бил направен напор да се уништат отоманските бродови кои веќе се наоѓале во Златниот рог, но Османлиите биле предупредени за нападот и ги присилиле христијаните, кои претрпеле големи загуби, да се повлечат. Од тогаш одбраната на градот била преморана да ги брани и ѕидините кои гледаат на страната на Златниот рог. Со тоа одбраната на останатите ѕидини била ослабена. Згора на тоа, непристапноста на морето значела и неможност за лесно доаѓање до храна. Па така храната започнала да претставува проблем во градот. Сега надежта на бранителите била свртена кон Венеција и кон вербата дека нивните браќа од Западот нема да ги остават сами во оваа битка и дека ќе ја испратат ветената помош.

На 3 мај Константин XI испратил еден мал венециски брод кој, носејќи турско знаме, успеал неприметно да излезе од градот. Бродот се вратил во градот на 23 мај, повторно успевајќи да ја надмудри турската морнарица, но вестите кои со себе ги носел не биле добри. По три недели потрага немало никакви знаци дека помошта пристигнува – 'одбраната на градот е оставена сама на себе'. На секој морнар поединечно Константин XI му заблагодарил лично. Тие можеле да отпловат на сигурно, но решиле да се вратат во градот каде ги чекала скоро сигурна смрт. На 28 мај додека отоманската армија за подготвувала за последниот напад, во градот биле одржани религиозни обреди од големи размери. Истата вечер, во црквата Света Софија, во атмосфера на исчекување се одржала и последната заедничка религиозна церемонија православните и католички христијани. [10] османлиската војска брзо напредувала низ широките улици на градот. Минувајќи низ градот војската поминала и покрај црквата на Светите Апостоли во која Мемед имал намера да постави нов патријарх со чија помош ќе можел полесно да ги контролира своите христијански поданици. Минувајќи низ улиците на градот војската конечно се собрала на плоштадот Августеум кој се наоѓал пред црквата Света Софија во која голема толпа од луѓе, во потрага по заштита од Бога, цврсто ги држела бронзените врати од внатрешната страна. Откако османлиите успеале да ја отворат вратата луѓето кои биле затекнати во црквата биле одвоени според нивната цена на пазарот на робје. Имало и силувања велат некои историчари.[11] Војниците се бореле и меѓу себе за да приграбат материјални добра. Според венецискиот хирург Nicolo Barbaro „во текот на целиот ден турците вршеле колеж над христијанското население во градот“.[12] На крајот Мехмед II наредил да престане дивеењето и ги испратил своите трупи надвор од ѕидините на градот. [13][14]

Градот во времето на Османлискиот период

Република Турција[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на современ Истанбул.

Кога Република Турција била основана во 1923 година од страна на Мустафа Кемал Ататурк, главниот град бил преместен од Истанбул во Анкара. Во раните години на републиката, Истанбул имал прилив на мал капитал. Сепак, почнувајќи од крајот на 1940-тите и почетокот на 1950-тите, Истанбул станал подложен на големи структурни промени, како на нови јавни плоштади (како на пример Плоштад Таксим), булевари и авении по целиот град. Понекогаш за нивна сметка биле срушувани и многу стари градби. Почнувајќи од 1970, населението на Истанбул започнало нагло да се зголемува, главно поради миграцијата на населението од Анадолија, со цел да најдат вработување во новоизградените фабрики. Овој ненадеен висок раст на населението во градот предизвикало голема побарувачка за домување, и голем дел од тогашните села или шуми станале дел од градот. Нелегалното градење, придонеле 65% од зградите во Истанбул да бидат изградени без соодветно планирање.[15] Загриженоста на ова се зголемила по земјотресот во Измит на 17 август 1999 година.[16] и големите поплави од 9 септември 2009 година.[17]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BBC: "Istanbul's ancient past unearthed" Published on 10 јануари, 2009. Retrieved on 11 јануари, 2009.
  2. „Hürriyet: Bu keşif tarihi değiştirir (2 октомври 2008)“. Hurriyet.com.tr. 2009-05-23. конс. 2009-05-28. 
  3. „Hürriyet: Photos from the Neolithic site, circa 6500 BC“. Fotogaleri.hurriyet.com.tr. конс. 2009-05-28. 
  4. „Cultural Details of Istanbul“. Republic of Turkey, Minister of Culture and Tourism. конс. 2007-10-02. 
  5. Istanbul“. Britannica Online. (September 2007). (посет. 27 септември 2007 г)
  6. Vailhé, S.. (1908). „Constantinople“. Catholic Encyclopedia 4. New York: Robert Appleton Company. (посет. 12 септември 2007 г)
  7. Phillips, Jonathan (2005). The Fourth Crusade. London: Pimlico. ISBN 1844130800. 
  8. D. Nicolle, Constantinople 1453: The end of Byzantium, 32
  9. Runciman 1965, pp. 96-97.
  10. Vasiliev 1952, pp. 651-652
  11. Norwich, John Julius (1997). A Short History of Byzantium. New York: Vintage Books. стр. 380. , "...the rape and pillage had already begun... ...by noon the streets were running with blood"
  12. The Siege of Constantinople (1453), according to Nicolo Barbaro
  13. Nicolle, David (2007). The Fall of Constantinople: The Ottoman Conquest of Byzantium. New York: Osprey Publishing. стр. 237, 238.  "In fact ordinary people were treated better by their Ottoman Conquerors than their ancestors had been by Crusaders back in 1204; only about 4,000 Greeks died in the siege." ... "Mehmet also ordered all looting to stop and sent his troops back outside the walls." In 1453, Constantinople contained approximately 50,000 people when the Ottoman Turks captured the city.
  14. The Fall of Constantinople, 1453
  15. Charles Correa. „Yüzde 65'i imarsız 'dünya şehri' (A world city with 65% illegal buildings)“. Cnn Turk. конс. 2005-07-18. 
  16. Ian Traynor. „A disaster waiting to happen - why a huge earthquake near Istanbul seems inevitable“. The Guardian. конс. 2007-09-27. 
  17. Today's Zaman