Операција Немезис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Операција Немезис
МестоБерлин, Тифлис, Цариград, Рим
Датум1920–1922
ЦелОсманлиско Царство и Азербејџан како одговорни за Ерменскиот геноцид
Вид нападатентати
СторителиЕрменска револуционерна федерација

Операцијата Немезис (ерменски: «Նեմեսիս» գործողութիւն) - операција на Ерменската револуционерна федерација во периодот од 1920 до 1922 година.

Целта на операцијата Немезис била да се казнат водачите на младотурците кои го организирале Ерменскиот геноцид во 1915 година, како и организаторите на ерменските прогони во Баку во 1918 година и ерменските предавници кои соработувале со Турците[1][2][3].

Операцијата била испланирана и спроведена од Ерменската револуционерна федерација и била наречена Немезис во чест на грчката божица на одмаздата Немезида. Одлуката за спроведување на операцијата била земена во Ереван во 1919 година по прогласување на независност на Демократска Република Ерменија претходната година[4]. Списокот бил долг. Од 650 идентификувани имиња биле одвоени одвоиле 41 лице како главни виновници. За извршувањето на операцијата бил создаден создава одговорен орган.

Оперативното раководство и осигурувањето на финансии било обезбедено од Шахан Натали и Крикор Мерчанов. На групата на Храч Папазин, турски студент кој успеал да стигне до високите кругови на младотурците кои биле во заточение, било наредено да ги открие. Операцијата била подготвувана многу детално. Организациските центри биле редакциите на весникот (Битка) во Цариград и весникот (Знаме) во Бостон. Групите кои требало да ја исполнат одлуката биле составени од 3 до 5 луѓе. Нивната задача била да го следат конкретниот криминалец и при добар момент да ја спроведат одлуката.

Сохомон Техлерјан по започнувањето на Првата светска војна заминал за Ерменија каде во 1915 година го преживеал генцидот. Во 1921 добил задача да го убие Талат Паша. На 15 март истата година, на улицата "Харденберг" во Берлин бил уапсен откако пукал кон Талат Паша. На 2 јуни 1921 год германскиот суд го пуштил на слобода. Во периодот од 1919 до 1922 год биле убиени Талат Паша, Енвер Паша, Џемал Паша, Бехаедин Шакир, Џемал Азмин, Саид Халим, Хан Хојски.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Frey, Rebecca Joyce (2009). Genocide and International Justice. New York: Infobase Publishing. стр. 82. ISBN 9780816073108.
  2. Totten, Samuel; Jacobs, Paul R. Bartrop (2008). Dictionary of genocide. Westport, Conn.: Greenwood Press. стр. 320. ISBN 9780313346415.
  3. Freedman, Jeri (2009). The Armenian genocide (1. изд.). New York: Rosen Pub. Group. стр. 42. ISBN 9781404218253.
  4. Hovannisian. "Armenia's Road to Independence", p. 298.