Исламот во Отоманското Царство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Михраб во џамијата

Исламот во Отоманското Царство — официјална религија на Отоманското Царство. Највисоката позиција во исламот, калифат, била официјално признаена од султанот, по поразот на Мамелучкиот Султанат. Султанот требало да биде побожен муслиман и ја имал функцијата калиф. Освен тоа, сунитските свештеници имале огромно влијание врз владата и нивниот авторитет бил од централно значење за регулирање на економијата. Дополнително, имало врховна позиција наречена Шејк-ул ислам. Малцинствата, особено христијаните и евреите биле задолжени да ја платат џизија, данокот наложен од традиционалниот ислам.

Закон[уреди | уреди извор]

Османлискиот закон не ги препознавал поимите како што се етничката припадност или државјанството. На тој начин, муслиман од која било етничка припадност уживал исти права и привилегии. Под такви услови, муслиманските Арапи во царството гледале како на обновена исламска држава. Сепак, дури и ако калифатот играл значајна улога, вистинското постоење на овие чувства е дискутабилно. До 17 век, магребските територии биле само номинално под отоманска контрола и Египет бил речиси независен до почетокот на 19 век.

Во доцниот 18 век, а особено во текот на 19 век, реформите по европски стил го туркале исламот надвор од влијателните позиции и го намалиле влијанието на неговите лидери во владата. Џизијата била укината и ексклузивната моќ на исламските лидери се намалило. И покрај тоа, владата во времето на реформаторските султани сé уште се обидувала да го зацврсти Ханафискиот ислам. Паралелно со реформите започнал да се воведува и концепт кој се обидел да ги интегрира сите отомански граѓани во една општествена класа (муслиманска и немуслиманска) со еднакви даночни и воени обврски. Како резултат на тоа, верските малцинства (кои можеби дури и не ги добиле целосните права според предреформно османлиско владеење) се побуниле.

Сунитски ислам[уреди | уреди извор]

Од основањето на Отоманското Царство, Османлиите го следеле Матуридизмот (училиште за исламска теологија) и Ханафискиот ислам (школа за исламска јуриспруденција)[1][2][3]. Но Ашаритската школа била поприсутна во медресите (исламски училишта).

Кемал Ататурк изјавил: „Нашата религија е рационална, веродостојна религија, и затоа е последната валидна религија.

Редовни верувања[уреди | уреди извор]

5 столбови на верата:

Наводи[уреди | уреди извор]