Нишанџи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Нишанџи — висока позиција во отоманската бирократија. Турскиот збор нишанџи буквално значи „ дворски калиграф“, бидејќи првичната должност на нишанџијата била да ги запечати кралските прописи.

Историја[уреди | уреди извор]

Иако функцијата дворски калиграф била утврдена за време на владеењето на Орхан (1324–1361), името нишанџи започнало да се користи за време на владеењето на Мурат II (1421–1451). Според законот на Мехмед II (1451–1481), нишанџијата бил член на диванот (османлиска влада). Почнувајќи од средината на XVIII век, функцијата ја изгубила својата поранешна важност и во 1836 година била укината.[1]

Должност[уреди | уреди извор]

Нишанџијата бил одговорен за запечатување на прописите на султанот и големиот везир, одговорен и за надзор над архивите на диванот и водење на евиденцијата за системот на тимарите (земји што им ги давале османлиските султани на бирократите и војниците сипахи за возврат на нивните услуги). До 17 век, функцијата била исто така еквивалентна на министер за надворешни работи. Меѓутоа, за време на владеењето на Мехмед IV (1648–1687), Рејс јул-ќутаб (буквално „началник на службеници“), функција претходно подредена на онаа на нишанџијата, го заменила како министер за надворешни работи на Отоманското Царство.[2]

Големи везири како нишанџии[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „On line history {{in lang|tr}}“. Архивирано од изворникот на 2012-01-26. Посетено на 2011-04-03.
  2. Gabor Agoston-Bruce Masters: Encyclopaedia of the Ottoman Empire, ISBN 978-0-8160-6259-1, pp.50–51