Иван Мазов
Изглед
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Иван Мазов (7 јануари 1923 во Кавадарци — 15 февруари 1977 во Рогашка Слатина, Словенија) — македонски раскажувач, театарски критичар и публицист.[1][2]
Животопис
[уреди | уреди извор]Завршил Висока политичка школа во Белград. Работел како театарски критичар во весникот „Нова Македонија“. Член на ДПМ од 1972 година. Автор е на книгите: Додека топовите пукаат (раскази, 1958), По трагите на Евлија Челебија (патописна проза, 1978), а неговите Избрани дела во шест книги се објавени во 1982 година. Добитник на наградите: „Мито Хаџивасилев - Јасмин“, „Крсте Мисирков“.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 144.
- ↑ Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 817. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.
| Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |