Александар Тишма

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Александар Тишма (16 јануари 1924, Хоргош - 15 февруари 2003, Нови Сад) - српски писател (прозаист, поет и драматург) и преведувач, член на Српската академија на науките и уметностите.

Биографија[уреди | уреди извор]

Основното училиште и гимназијата ги завршил во Нови Сад, а во 1954 година дипломирал англиски јазик и книжевност на Филозофскиот факултет во Белград.[1] За време на Втората светска војна се засолнил во Будимпешта.[2] Од 1945 до 1949 година работел како новинар во весниците „Слободна Војводина“ и „Борба“, а од 1949 до 1981 година бил уредник во Издавачкото претпријатие на Матица српска во Нови Сад. Исто така, од 1969 до 1973 година бил уредник на „Летописот на Матица српска“.[3] Во 1997 година работел како доцент на Универзитетот во Тибинген.[4] Тишма бил редовен член на Српската академија на науките и уметностите, како и на Академијата на уметностите во Берлин.[5]

Творештво[уреди | уреди извор]

Александар Тишма пишувал романи, раскази, песни и драми, а се занимавал и со публицистика. Неговите дела се преведени на околу 20 јазици. Покрај со пишувањето, Тишма се занимавал и со преведување од унгарски и од германски јазик.[6]

Библиографија[уреди | уреди извор]

Во 2010 година, издавачката куќа „Академска книга“ од Нови Сад ги објавила собраните дела на Тишма:[7]

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

Тишма бил добитник на повеќе награди и признанија, како:[8]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Aleksandar Tišma, Upotreba čoveka. Novi Sad: Akademska knjiga, 2010.
  2. Laslo Blašković, „Predgovor - Tišmina praška kuća“, во: Aleksandar Tišma, Upotreba čoveka. Novi Sad: Akademska knjiga, 2010, стр. 8.
  3. Aleksandar Tišma, Upotreba čoveka. Novi Sad: Akademska knjiga, 2010.
  4. Laslo Blašković, „Predgovor - Tišmina praška kuća“, во: Aleksandar Tišma, Upotreba čoveka. Novi Sad: Akademska knjiga, 2010, стр. 10.
  5. Aleksandar Tišma, Upotreba čoveka. Novi Sad: Akademska knjiga, 2010.
  6. Aleksandar Tišma, Upotreba čoveka. Novi Sad: Akademska knjiga, 2010.
  7. Aleksandar Tišma, Upotreba čoveka. Novi Sad: Akademska knjiga, 2010.
  8. Aleksandar Tišma, Upotreba čoveka. Novi Sad: Akademska knjiga, 2010.