Сегашно минато време (есеи)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сегашно минато време
Автор[[Петре М. Андреевски]]
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
Жанресеи
ИздавачШтрк
Издадена
2005
Медиумпечатено издание
Страници280
ISBN9989-662-91-6

Сегашно минато времеесеи на македонскиот писател Петре М. Андреевски издаден 2005. Во изданието на издавачката куќа „Штрк“. Предговорот е на Петре М. Андреевски.

Содржина[уреди | уреди извор]

„Сегашно минато време“ започнува со предговор на авторот „ Зошто овој наслов зошто оваа книга“ во кој авторот своите ставови сегашни и минати ги става на увид со оваа книга, без разлика дали некој( па и тој самиот) се согласува со нив или не, не сакајќи да избега од своето мнение за работите. Првиот дел е насловен како „ За нас, за јазикот и литературата“, каде има застапено 27 есеи за литературните дејци од Македонија и светот кои го поттикнале да напише свое мислење, но и за јазикот, народната поезија и др. Подделови се „Ликовни светови“- што претставуваат есеи напишани за ликовното творештво на 13 сликари и делот „Јас сум артист“- есеи за актери од неговото време. Вториот дел се вика „ Гревот наш во гревот нивни“ (општествено -политички осврти)кој има поднаслов „Ни оди, ни седи-О писменех- Личен став“ со 20 есеи за општествените и политичките збиднувања. [1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Петре М. Андреевски, Сегашно минато време, Скопје:[[ Штрк (издавачка куќа)| Штрк]],2005 год.

Поврзано[уреди | уреди извор]