Сергеј Андреевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Сергеј Андреевски (Скопје, 1960), македонски сликар.

Биографија[уреди | уреди извор]

Сергеј Андреевски е син на познатиот македонски писател Петре М. Андреевски. Андреевски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Покрај тоа, тој бил на повеќе студиски престои во странство: Рим, Нирнберг, Орхус, Париз, Њујорк, Северна Каролина, Имадате, Истанбул, итн.

Творештво[уреди | уреди извор]

Андреевски е претставник на експресионизмот во македонското сликарство, со нагласок врз гестот, примарните бои и егзистенцијалниот карактер на самиот чин на сликање. Реализирал 400 групни изложби и 53 самостојни изложби во Европа, САД и Азија. Тој е добитник на повеќе национални награди и признанија.[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. С. Андреевски, Сергеј АНДРЕЕВСКИ: 20 години творештво, Скопје: Национална галерија на Македонија, 2006, стр. 84.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]