Награда „Златен венец“

Од Википедија — слободната енциклопедија

Награда „Златен венец“ – главна награда на Струшките вечери на поезијата. Таа е една од најценетите меѓународни награди за поезија во светот.

Наградата „Златен венец“ се доделува на меѓународниот поетски митинг „Мостови“ на истекот на реката Црн Дрим од Охридското Езеро.[1]

Награда[уреди | уреди извор]

Наградата претставува уникатна рачна изработка на златен венец според нацртот на македонскиот сликар и графичар Димче Протуѓер.[1]

Покрај Златниот венец, Струшките вечери на поезијата издаваат претставителна книга поезија од добитникот на наградата во оригинал и во препев на македонски јазик.

Историја[уреди | уреди извор]

Наградата „Златен венец“ била востановена во 1966 година и до 1971 година истата се доделувала за најдобра необјавена песна прочитана на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“. Од 1971 година, наградата „Златен венец“ се доделува за целокупен поетски опус.[1]

Досегашни лауреати[уреди | уреди извор]

Година Лауреат Земја
1966 Роберт Рождественски  СССР
1967 Булат Окуџава  СССР
1968 Ласло Наѓ  Унгарија
1969 Мак Диздар  СР Босна и Херцеговина
1970 Миодраг Павловиќ  СР Србија
1971 Вистан Хју Оден  САД
1972 Пабло Неруда  Чиле
1973 Еуџенио Монтале  Италија
1974 Фазил Хисни Дагларџа  Турција
1975 Леополд Седар Сенгор  Сенегал
1976 Ежен Гилвик  Франција
1977 Артур Лундквист  Шведска
1978 Рафаел Алберти  Шпанија
1979 Мирослав Крлежа  СР Хрватска
1980 Ханс Магнус Енценсбергер  Германија
1981 Блаже Конески  СР Македонија
1982 Никита Станеску Романија
1983 Сачидананд Хирананд Ватсјајн-Ајгеј  Индија
1984 Андреј Вознесенски  СССР
1985 Јанис Рицос  Грција
1986 Ален Гинсберг  САД
1987 Тадеуш Ружевич  Полска
1988 Десанка Максимовиќ  СР Србија
1989 Томас Шапкот  Австралија
1990 Хусто Хорхе Падрон  Шпанија
1991 Јосиф Бродски  САД
1992 Ференц Јухас  Унгарија
1993 Генади Ајги  Русија
1994 Тед Хјуз  Обединето Кралство
1995 Јехуда Амихај  Израел
1996 Макото Оока  Јапонија
1997[2] Адонис  Сирија
1998 Лу Јуен  Кина
1999 Ив Бонфоа  Франција
2000 Едоардо Сангвинети  Италија
2001 Шејмас Хини  Ирска
2002 Славко Михалиќ  Хрватска
2003 Томас Транстремер  Шведска
2004 Васко Граса Моура  Португалија
2005 Вилијам С. Мервин  САД
2006 Нанси Морехон  Куба
2007 Махмуд Дарвиш  Палестински територии
2008 Фатос Арапи  Албанија
2009 Томаж Шаламун  Словенија
2010 Љубомир Левчев  Бугарија
2011 Матеја Матевски  Македонија
2012 Монгане Вали Сероте  ЈАР
2013[3] Хосе Емилио Пачеко  Мексико
2014[4] Ко Ун  Јужна Кореја
2015[5] Беј Дао  Кина
2016[6] Маргарет Атвуд  Канада
2017[7] Чарлс Симиќ  САД
2018[8] Адам Загајевски  Полска
2019[9] Ана Бландијана  Романија
2020[10] Амир Ор  Израел
2021[11] Керол Ен Дафи  Обединето Кралство
2022[12] Шунтаро Таникава  Јапонија
2023[13] Влада Урошевиќ  Македонија

Поврзано[уреди | уреди извор]

Струшки вечери на поезијата

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Награда „Златен венец". Струшки вечери на поезијата. Архивирано од изворникот на 2019-09-01. Посетено на 2019-08-25.
  2. Мохамед Бенис. Дарот на Светлината. Предговор од Паскал Гилевски, Струга, 2001
  3. Иванова, Тина (28 февруари 2013, 12:32). „Мексиканскиот поет Хосе Емилио Пачеко - добитник на „Златен венец" на СВП“. Утрински Весник. Посетено на 2013-02-28. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. „Ко Ун е добитник на „Златниот венец" за 2014 година“. Струшки вечери на поезијата. 21 февруари 2014. Архивирано од изворникот на 2014-03-01. Посетено на 21 февруари 2014.
  5. „Кинескиот поет Беи Дао е добитник на „Златен венец" за 2015 година“. Струшки вечери на поезијата. 20 март 2015. Архивирано од изворникот на 2020-09-02. Посетено на 24 март 2015.
  6. „Маргарет Етвуд од Канада добитник на Златниот венец за 2016“. Cooltura. Посетено на 2016-03-21.[мртва врска]
  7. „Чарлс Симиќ е добитник на „Златен венец" на СВП за 2017“. Струшки вечери на поезијата. 28 февруари 2013, 12:32. Архивирано од изворникот на 2017-08-27. Посетено на 2017-08-24. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  8. „Адам Загајевски добитник на „Златен венец" на СВП 2018“. Радио Слободна Европа. 21 март 2018, 12:32. Посетено на 2018-03-21. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  9. „Романската поетеса Ана Бландијана е добитникот на наградата „Златен венец" на СВП за 2019 година“. СВП. 21 март 2019. Архивирано од изворникот на 2019-03-23. Посетено на 2019-03-23.
  10. „Израелскиот поет Амир Ор е добитникот на наградата „Златен венец" на СВП за 2020 година“. СВП. Архивирано од изворникот на 2020-07-18. Посетено на 18 јули 2020.
  11. „Британската поетеса Керол Ен Дафи е добитник на наградата „Златен венец" на СВП за 2021 година“. Струшки вечери на поезијата. Архивирано од изворникот на 2021-09-03. Посетено на 2 септември 2021.
  12. jaпонскиот-поет-шунтаро-таникава-е-доби/#more-6615 „Jaпонскиот поет Шунтаро Таникава е добитник на наградата „Златен венец" на СВП за 2022 година“ Проверете ја вредноста |url= (help). Струшки вечери на поезијата. Посетено на 24 јуни 2022.
  13. „Влада Урошевиќ е добитник на „Златен венец" на СВП за 2023“. Либертас. 21.03.2023. Посетено на 22 март 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)