Црно огледало

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Црно огледало (англиски: Black Mirror) е британска антологиска, научно-фантастична телевизиска серија креирана од Чарли Брукер. Секоја епизода има различна актерска екипа и различна реалност. Дејствието во серијата се случува во блиската или далечна иднина кога технологијата целосно ја има заменето емпатијата во човекот. Првата епизода премиерно беше прикажана на 4 Декември 2011 година, на телевизија Канал 4 (Channel 4), на која што се емитуваа две сезони. Третата сезона беше објавена на Нетфликс додека четврта сезона ќе излези во 2017 година. Во Македонија, серијата премиерно беше прикажана на телевизија Телма.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Дејството во серијата се случува во поблиска или подалечна иднина.Различни актерски екипи глумат во секоја епизода која содржи шокантни или комични сцени. Епизодите говорат за паранојата што ја предизвикува технологијата и колку длабоко таа е влезена во нашиот живот. Сите епизоди се плод на фикција и не ја претставуваат моменталната реалност.

Награди[уреди | уреди извор]

Во Ноември 2012 година, Црно Огледало ја освои наградата за „Најдобра телевизиска мини серија на Интернационалните Еми Награди. А.В.Клубот (The A.V. Club) ја прогласи за најдобра телевизиска серија во 2013 година.

Епизоди[уреди | уреди извор]

Сезона Епизоди Оригинално емитувани Канал
Почеток Крај
1 3 4 декември 2011 18 декември 2011 Канал 4
2 3 11 февруари 2013 25 февруари 2013
Специјална епизода 16 декември 2014
3 6 21 октомври 2016 Нетфликс

Надворешни врски[уреди | уреди извор]