Одбрани раскази (книга од Димитар Солев)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Одбрани раскази“ - книга од македонскиот писател Димитар Солев, објавена од издавачката куќа „Мисла“ во 1970 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Во збирката се застапени следниве раскази:[1]

  • Слово за Игора
  • Време на дождалците
  • Морнарска отпуска
  • Смртта на Марко
  • Првата зима на слободата
  • Скоевски состанок
  • Мирисот на расечена лубеница
  • Јаглика во паркот
  • Кружно патување на сенката

Покрај расказите на Солев, во збирката е поместен и предговорот, со наслов „Димитар Солев или Достоинство на авангардниот реализам“, напишан од Александар Спасов во 1967 година.

Технички податоци[уреди | уреди извор]

Збирката „Одбрани раскази“ е објавена во рамките на едицијата „Новогодишна библиотека“, посветена на современите македонски писатели. Книгата, со обем од 117 страници не е каталогизирана, ниту пак ја поседува меѓународната ознака ISBN. Таа е отпечатена во Графичкиот завод „Гоце Делчев“ од Скопје.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Димитар Солев, Одбрани раскази. Скопје: Мисла, 1970.
  2. Димитар Солев, Одбрани раскази. Скопје: Мисла, 1970.