Владимир Светиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Роден 14 јули 1945
Свето Митрани, Крушевско, СФРЈ, денес Македонија Македонија
Починал 1 ноември 2013
Битола, Македонија Македонија
Занимање глумец

Владимир Светиев (Свето Митрани, Крушевско, 14 јули 1945Битола, 1 ноември 2013) — еден од најекспонираните македонски актери и долгогодишен првенец на Македонскиот народен театар.

Биографија[уреди | уреди извор]

Светиев е роден на 1 јули 1945 година во крушевското село Свето Митрани. Тој бил меѓу 15-ината студенти на Илија Џувалековски и дипломирал во 1971 година на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Загреб, каде што легендарниот професор организирал наставен модел кој им овозможил предметите Актерска игра и Сценски говор со техника на глас да ги учат на својот мајчин јазик. Во 1971 година Светиев влегол во ансамблот на Драмата на МНТ, дебитирајќи во пиесата на Бранко Пендовски „Под пирамидата“. Таму го поминал сиот работен век, а повремено гостувал и во другите македонски театри. Две сезони поминал во Милхајм, Германија, во Театарот на Ромите „Пралипе“.

Одиграл шеесетина улоги и во историјата на македонската глума е впишан како еден е од најнаградуваните актери: добитник е на дури пет награди за најдобри театарски остварувања на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп (1977, 1988, 1990, 1991 и 2002), на наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело во 2012 и на наградите „11 Октомври“ и „13 Ноември“.

Починал на 1 ноември 2013 година во Битола.[1]

Филмографија[2][уреди | уреди извор]

  • 1972: Истрел ( Главна улога, )
  • 1981: Црвениот коњ ( Главна улога, )
  • 1993: Македонска сага ( Главна улога, )
  • 1999: Време, живот ( Споредна улога, )
  • 2000: Мис Амнезија ( Актер, )
  • 2003: Едно од лицата на смртта ( Актер, )
  • 2004: Големата вода ( Споредна улога, )
  • 2006: Тајната книга ( Споредна улога, )

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]