Корнелие Ковач

Од Википедија — слободната енциклопедија
Корнелие Ковач
Ковач во октомври 2011година
Животописни податоци
Родено имеKovács Kornél
Роден(а)1 јануари 1942(1942-01-01)
Ниш, Србија
Починал(а)13 септември 2022(2022-09-13) (возр. 80)
Белград, Србија
Жанровипрогресивен рок, симфониски рок, џез-рок, класична музика
Занимањамузичар, текстописец, композитор, продуцент
Инструментиклавијатури, оргула, пијано
Период на активност1961 – денес
ИздавачиПГП-РТБ, Casa Ricordi, Philips Records, Југотон, Комуна, ПГП РТС
СоработнициИндекси, Корни група, Здравко Чолиќ, Бисера Велетанлиќ, Рибја чорба, Бајага и инструктори
Корнелие Ковач со Лаза Ристовски на концерт во Ниш во 1980-тите години

Корнелие Ковач (1 јануари 1942 - 13 септември 2022) — српски композитор, пијанист и аранжер. Неговиот татко бил виолинист, а мајка му пејачка во хорот на операта. Брат му, Михајло Ковач, исто така се занимавал со музика како пејач, но подоцна се определил за новинарство и политика.

Почеток на кариерата[уреди | уреди извор]

Ковач е роден во Ниш. Својата прва композиција „Пусти тротоари“ Ковач ја создал со четиринаесет години, во 1956 година.

Првиот јавен настап младиот Ковач го имал во суботичката гимназија каде учел, на тогаш популарните чајанки. Својата кариера ја започнал во 1961 година. Благодарение на одличното музичко образование, ја завршил Музичката академија во Сараево, Корнелие е: композитор, пијанист, продуцент и аранжер.

Во 1961 година, го основал својот прв бенд БКБ, кој во тоа време станал почитуван џез трио. Во 1963 година учествувал на Ју џез фестивалот, кој бил одржан во Блед во Словенија.

Откако бил во многу босански оркестри, му се придружил на сараевскиот најпопуларен рок-бенд, , Индекси. Со нив бил на двомесечна турнеја во Русија.

Индекси[уреди | уреди извор]

Корнелие Бата Ковач станал член на Индекси во 1966 година и веќе следната година со нив свири на турнеја во СССР.

За сараевските Индекси Ковач ги напишал песните Бој на Мишар (Бој на Мишару) и Ако некогаш бидеш сама (Ако једном будеш сама). Работејќи со Индекси, Ковач стекнал име на композитор и инструменталист, но по отслужувањето на воениот рок, донел одлука да се пресели во Белград и да се обиде со нешто свое.

Во Сараево, во 1967 година, на првиот плеј бек фестивал „Ваш шлагер на сезоната“ (Ваш шлагер сезоне) го освоил првото место со песната „Мојот професор“ (Мој професор).

Корни група[уреди | уреди извор]

Во септември 1968 година, Корнелие се преселил во Белград каде ја основал Корни групата, која во 1974 година ја претставувала СФР Југославија на Евровизија.

Самостојна кариера[уреди | уреди извор]

Првите години после Корни групата, композиции од Ковач снимиле Оливера Катарина, Бисера Велетанлиќ, Неда Украден, Мики Јевремовиќ, Миша Марковиќ, Лепа Брена.

Кон крајот на 1977 година било планирано основање на југословенска супергрупа К2 која требало да ја сочинуваат: Јосип Бочек, Дадо Топиќ, Слободан Марковиќ, Карел Новак (Чарли) Ратко Дивјак. Во 1979 година Корнелие се преселил во Англија каде учествувал во многу музички проекти. Некои од музичарите со кои Корнелие соработувал се:

  • Берни Марсден, гитарист на групата Вајт снејк
  • Ханс Цимер
  • Пол Џонс, бивш пејач на групата Манфред мен
  • Енди Песк
  • Колин Хоџкинсон
  • Џоџи Хирота

Корнелие Ковач пишувал музика за театар, филмови и телевизија. Неговите песни биле на многу албуми кои биле издавани во: Југославија, Шпанија, Франција, Америка, Шведска, Холандија, Финска... Многу од нив достигнале платинест или златен тираж.

Од 1979 година, Корнелие Ковач учествувал во многу проекти во Шпанија како продуцент, композитор и аранжер.

Корнелие има три ќерки, Александра, Кристина и Ања.[1] Александра и Кристина се занимаваат со музика и имаат значителен успех во тоа. Бил оженет со Споменка Ковач (текстописец и сценарист).

Дискографија[уреди | уреди извор]

Синглови[уреди | уреди извор]

  • Severni vetar/Okean (PGP RTB, 1975)
  • Panorama/Aleksandra (PGP RTB, 1978)
  • Kvar/Žena (PGP RTB, 1979)

Албуми[уреди | уреди извор]

  • Između svetlosti i tame (PGP RTB, 1977)
  • Why (PGP RTB, 1980)
  • Iz drugog filma (PGP RTB, 1982 – филмска музика)
  • The Sampled Moonlight (PGP RTB-Komuna, 1986)
  • Balkan (Ariola, 1993)
  • Kornell Kovach (ITMM, 1994)
  • Moja generacija (PGP RTS, 1996)

Творештво[уреди | уреди извор]

Музика за филм и телевизија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Petar Janjatović: Ilustrovana -{YU Rock}- enciklopedija (Beograd, 1998)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]