Прејди на содржината

Лепа Брена

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фахрета Живојиновиќ
Лепа Брена во 2007 година
Лепа Брена во 2007 година
Основни податоци
Родено имеФахрета Јахиќ
Познат(а) и какоЛепа Брена
Роден(а)20 октомври 1960(1960-10-20)(65 г.)
Тузла, НР Босна и Херцеговина, ФНРЈ
Жанр(ови)Поп-фолк, поп, турбо фолк
Занимање/њапејачка, глумица
Години на активност1980 - денес
Продукциска куќа/ќиPGP, Diskoton, Гранд продукција
Мрежно местоwww.jednajebrena.com
Сопружник(ци)Слободан Живојиновиќ

Фахрета Живојиновиќ (моминско Јахиќ; изворно: Fahreta Jahić Živojinović или Фахрета Јахић Живојиновић) (Тузла, 20 октомври 1960 , НР Босна и Херцеговина) позната под името „Лепа Брена“ ― југословенска фолк и поп пејачка, и естраден менаџер. Таа е сопруга на тенисерот Слободан Боба Живојиновиќ.

Рани години

[уреди | уреди извор]

Фахрета Јахиќ е родена во Тузла на 20 октомври 1960 година во муслиманско семејство, но пораснала во Брчко. Нејзиниот татко Абид работел како медицински техничар, додека мајка ѝ Ифета била кројачка. Фахрета е нивно трето дете — има брат Фарук и сестра Факета. Живееле скромно, во еднособен стан, но според неа таа имала безгрижно детство и ништо не ѝ фалело.[1]

Уште тогаш бил забележан нејзиниот талент за пеење. Таа најпрво застанувала пред грамофонот и слушала, а потоа го собирала семејството и им ги пеела песните што ги научила. Била темпераментно дете, па така во петто одделение по казна морала да пее на натпреварот Мали градители, каде го освоила првото место со песната на Кемал Монтено Свири и пријателу мој. Основно училиште завршила во училиштето Заим Мушановиќ, каде била првенец на генерација.[2]

Освен за музика, Фахрета била талентирана и за спорт. Била 176 сантиметри висока и тренирала кошарка во локалниот клуб Интерплет, каде нејзиниот тренер Влада Бајер ѝ го дал прекарот Брена.[3]

Набрзо сфатила дека сака да работи со музиката и шоубизнисиот. После успехот на Млади градители, Брена ја забележале членовите на бендот Јудекси и ѝ понудиле да пее со нив. Поминале мал период заедно гостувајќи по игранки и разни настани, а потоа се разделиле. Во 1979 завршила гимназија и се преселила во Белград, каде се запишала на отсекот туризам на Природно-математичкиот факултет.[4]

Почеток на кариерата

[уреди | уреди извор]

Поради финансиски причини, Брена го напуштила студирањето по една година и се вратила во Брчко, каде почнала да пее за хонорари во домот на култура „Васа Пелагиќ“. Во тоа време новосадската музичка група „Лира шоу“, на чело со Саша Поповиќ, распишале конкурс дека бараат пејачка,[5] и се договориле со Брена да работат заедно. На 5 април 1980 година, и покрај противењето на татко ѝ, Брена заминала со воз во Бачка Паланка, каде имала договорен настап. а првиот настап со групата бил по еден месец, на 6 мај, во хотелот „Турист“. По две години, групата „Лира шоу“ во 1982 година добиле постојан ангажман во хотелот „Парк“ во Нови Сад. Есента 1981 година, групата била ангажирана во Белград, каде Брена снимила ЛП со десет нумери. Таа година, групата го сменила името во „Слатки грех“. Милован Илиќ Минимакс добил снимка од настап на Брена, и во својата емисија Претежно ведро го пуштил со духовити коментари, и ја нарекол лепа.

Во 1983 година, го снима својот втор албум, каде се појавиле песни што станале хитови. Се натпреварувала за југословенскиот избор за Евровизија, а брзо потоа Рака Ѓокиќ станал менаџер и извршен продуцент на групата.[6] Следела првата голема турнеја низ Југославија, 17 концерти во Сава центар, снимање на филмови, како и освојување на „ОСкар на популарноста“. Во 1984 година учествувале на свеченото отворање на Зимските олимписки игри во Сараево, и оствариле серија на концерти низ Европа, САД, Канада и Австралија.[7]

Соло кариера

[уреди | уреди извор]

Во 1991 година Лепа Брена го снима последниот албум со групата Слатки Грех , албумот не беше многу медиумски експониран поради несраќата на Лепа Брена од ноември 1992 , во која на скијање се здоби со повреди, и нејзината свадба со познатиот тенисер Слободан Живојиновиќ-Боба. По пауза од три години, овој пат самостојно, Брена го објавува албумот Јас немам друг дом и одржува концерт во Белград на стадионот Ташмајдан. Следниот албум Божја казна објавен во 1995 година беше пропратен по турнејата во Македонија. Албум Луда за тобом го издава во 1996 година. Четири години подоцна заедно со групата Слатки грех, го снима нивниот последен заеднички проект Помрачење сунца.

Во ноември 2001 беше киднапиран синот на Брена , Стефан ,после откуп од 2.5 милиони германски марки ,Стефан беше ослободен а набрзо потоа Лепа Брена со семејстовото заминува да живее во САД , со што се создава нов прекин во нејзината кариера. В0 2004 година Лепа Brena го издава својот албумНајдоброто од Лепа Брена со 42 нејзини најголеми хитови , а четири години подоцна и албумот Уџи слободно со 10 нови песни, вклучувајќи ги и новите хитови "Пази коме завидиш" и "Куќа на лаги". Во 2009 година, организира голема балканска турнеја. Новиот албум, наречен Маѓепсан круг (Зачарани круг), Брена го издава во 2011 година. На 20 октомври 2011 година, на нејзиниот 51. роденден, одржа концерт во Белградска арена. Во арената дојде со хеликоптер, а на нејзините песни играа танчери од Операција Триумф.

Филмографија

[уреди | уреди извор]
  • Тесна Кожа (1982)
  • Нема проблем (1984)
  • Камионџиите повторно возат 1 (1983)
  • Камионџиите повторно возат 2 (1984)
  • Ајде да се сакаме 1 (1987)
  • Ајде да се сакаме 2 (1989)
  • Ајде да се сакаме 3 (1990)

Видеографија

[уреди | уреди извор]
СпотГодинаРежисер
Ситније,Циле ситније1983
Дечко ми је школарац 1984
Играј,Боро,моје оро1984
Епидемија љубави 1984
Шеик1985
Хајде да се волимо1987
Голубе1987
Сањам1987
Робиња1989
Ја припадам увек теби1989
Југословенка 1989
Имам песму да вам певам 1989
Пожели срећу другима1989
Четири године 1989
Играј,драги1989
Јаблане1989
Let`s fall in love1989
Тамба,ламба 1990
Ватра се диже 1990
Биће белаја1990
Боли ме уво за све1990
Казни га боже1990
Љубавне игарије1991
Песма народна1991
Заљубишка1991
Ма где баш ти1994
Два дана1994
Мушкарци1994
И да одем иза леђа Богу1994
Ти не знаш1994
Ја немам други дом 1994
Мој се драги Енглез прави1994
Нема лека апотека 1994
Издајице1995
Шта ће ми живот 1995
Коло,коло 1995
Она или ја1995
Е,мој Мико 1995
Казна Божија 1995
Луда за тобом1996Дејан Миличевиќ
Ти си мој грех 1996Дејан Миличевиќ
Такве и Бог чува1996Дејан Миличевиќ
Нисам ја мали 1996Дејан Миличевиќ
Све ми добро иде осим љубави1996
Љубав је1996Дејан Миличевиќ
Помрачење сунца2000Дејан Миличевиќ
Пази коме завидиш2008Visual Infinity
Стаклено звоно2011Дејан Миличевиќ
Метак са посветом2011Дејан Миличевиќ
Не бих ја била ја2011Дејан Миличевиќ
Бриши ме2011Дејан Миличевиќ
Бибер2011Дејан Миличевиќ
Уради то2011Дејан Миличевиќ
Уђи слободно2012Дејан Миличевиќ
Љубав нова2015Toxic
Жали боже2016Toxic
Царица 2016Toxic
Зар је важно да л' се пева или пјева 2017Харис Дубица
Болиш и не пролазиш2017Харис Дубица
Као нова2018Харис Дубица
Срећна жена2018Харис Дубица
А како ћу ја2018Харис Дубица
Одисеја љубави2019Игор Кушиќ
Добра сам ти била2024Петар Пасиќ
  1. Biografija Lepe Brene
  2. Press: „Heroji naše i vaše mladosti“
  3. „Tračarenje: „Kako je Lepa Brena dobila nadimak?". Архивирано од изворникот на 2013-04-09. Посетено на 2019-01-09.
  4. Folkoteka: „Lepa Brena — biografija“
  5. „Poznati INFO: „Lepa Brena — Biografija". Архивирано од изворникот на 2013-10-29. Посетено на 2019-01-10.
  6. „Vreme 911: „Povratak Lepe Brene — Poslednja Jugoslovenka". Архивирано од изворникот на 2013-05-26. Посетено на 2019-01-10.
  7. Telegraf: „Lepa Brena posle 28 godina peva u Rumuniji!“