Дадо Топиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Адолф „Дадо“ Топиќ е роден во (Нова Градишка, на 4 септември 1949). Тој е хрватски музичар. Топиќ во својата кариера бил член на групите Динамити, Корни и Тајм. Заедно со групата Драгонфлај ја претставуваше Хрватска на Песна на Евровизија 2007.

Почеток на кариерата[уреди | уреди извор]

Топиќ ја започнал својата музичка кариера како средношколец во групата Ѓаволови еликсири како басист и пеач.Во 1967. година се приклучил на Динамити од Осиек.

Првиот состав на Динамити го сочинувале: вокал Киќо Слабинац, гитарист Антун Николиќ, басист Алберто Красниќи, клавијатурист Владо Лазиќ и тапанар Ратко Дивјак. Подоцна преминува на ритам гитара. Дадо одлично пеел соул и блуз музика.

Во 1969. година го повикуваат да се приклучи на групата Корни за да го замени пеачот Далибор Бруно. По неговото заминување во Белград, Динамити престанаа со работа. Тука почнал да компонира и настанале неговите први песни „Remember“, „Жената е пристаниште, а човекот брод“ и „Прво светло во куќата број 4“ која ја напишал заедно со Корнелие Ковач. Меѓутоа ниедна од тие песни не се нашле на плочите на Корни.

Тајм[уреди | уреди извор]

Септември 1971. година Топиќ је напушти групата Корни и во Загреб со помош на менаџерот Владимир Михаљек ја основа Тајм. Во составот на групата беа: Дадо Топиќ (вокал), Тихомир Поп Асановиќ (клавијатура), Ведран Божиќ (гитара), Марио Маврин (бас), Ратко Дивјак (тапани) и Бране Ламберт Живковиќ (клавир и флејта). Деби плочата „Time“ е објавена во 1972. година. Првиот тираж е печатен во петстотини примероци, но подоцна, поради големиот интерес е дополнително издавана. Групата почнала добро но подоцна се растурила, па Дадо отишол во Германија каде свирел по клубови. По враќањето настапувал со Југословенска поп селекција која ја основал Поп Асановиќ. Групите Тиме и Поп селекција учествувале на Светскиот младински фестивал во Берлин, во тогашна Источна Германија каде добија награда за Асановиќевата композиција „Берлин“. Свиреа и во Австрија како предгрупа на турнејата на англискиот состав на Ист оф иден, како и на БООМ 73 фестивалот и нивната песна „Кажи ми циганко што пишува на мојата дланка“ објавена е на плочата „БООМ Поп Фест 73“ (Југотон 1973.). Како голем пријател на балканските народи, посебно на македонскиот во 1973 година ја испеа песната „Македонија“ (Македонија - Дадо Топиќ) која е меѓу 100-те најдобри поранешни југословенски рок песни.

Во 1974. година Дадо учествува на снимање на албумот „Мајко земјо“ на Тихомира Асановиќ. Подоцна настапува со Септември кој го формирале членовите на Поп селекција. Заради одбегнување на одење во војска бил во затвор каде напишал песни за албумот „Time II“ кој го снимил со Асановиќ, Дивјак и Драги Јелиќ од ЈУ група.

Со Печо Петеј отсвирале четириесет и три концерти низ Англија. Подоцна Топиќ и Петеј во Југославија ја обновиле Тајм во која набрзо се приклучил англискиот клавијатурист Крис Николс.

Тајм настапи на БООМ 76 фестивалот и концертната верзија на песната „Да ли знаеш дека те сакам“ е забележена на плочата „БООМ 76“ (ПГП РТБ 1976.). Плочата „Живот во чизми со високи пети“, Топиќ ја снимил во Минхен. Снимката од нивниот настап на 6 ноември 1976. године во новосадското Студио М е забележена на двојната плоча „Рандеву со музика“ (Југотон 1977.).

Кон крајот на 1977. година групата Тајм службено престанала со работа.

После Тајм[уреди | уреди извор]

Топиќ и Николс пристапиле на белградската група Рибели која го сменила името во Мама ко ко. Свиреле на редовни журки во Младинскиот дом во Белград и го прателе Здравко Чолиќ на турнејата „Патувачки земјотрес“. Дадо, во дует со Борис Аранѓеловиќ пеел на сингл групата Смак „На Балканот“ 1979. година.

Истата година постигнал хит со песната Флојд Зоран Симјановиќ, напишана за филмот Национална класа во режија на Горан Марковиќ. Потоа на двојниот соло албум „Неоседлани“ донел нов авторски концепт. Во единаесет песни, следејќи принцип на филмско сценарио, ја обработил животната приказна на замислениот јунак Јован кој ја напуштил Југославија во желба за поудобен живот.

Следната плоча „Шепотење на перница“ е снимена во 1980. година. Со Слаѓана Милошевиќ Топиќ настапува на Песна за Евровизија со песната „Принцеза“ која се појавила на макси синглот. Успехот од таа соработка довел до објавување на заедничко -{CD}-- на кое се наоѓа избор на песни од кариерите на Слаѓана и Дадо.

Подоцна следуваат фестивалските години на Топиќ. На фестивалот МЕСАМ 84. ја изведувал песната на Сања Илиќ „Ќе бидеме заедно“ објавена на плочата „Парада на хитови“ (Југотон 1984.). Следната година на истата манифестација ја пеел песната на Срѓан Јул „Не можам да ја убијам љубовта“ и таа е на плочата „МЕСАМ“ (ПГП РТБ 1985.). На МЕСАМ 1988. година ја пеел песната на Корнелије Ковач „Жена од порцелан“ и таа е објавена на плочата „МЕСАМ 88" (Југотон 1988.). На Загреб фест 1986. година Мира и Дадо Топиќ ја изведоа песната "Zagreb by night" која е исто така објавена на фестивалската плоча.

Од 1990-те до денес[уреди | уреди извор]

Дадо Топиќ на Евровизија 2007.

Топиќ се преселил во Австрија каде во 1993. година објавил мини CD -{Call It Love}-. Последните години често настапува во странство. Во 1997. година на Фестивалот на мелодии од Истра и Кварнер, на вечерта на авторски песни, добива прва награда за изведба на „Не сум знаел“. Истата година глуми и пее во рок операта „Црна кралица“, а следната учествувал на два концерти на „Губец Бег“. 1998. година заедно со Ведран Божиќ, Ратко Дивјак и со млади музичари повторно ја обновува групата Тајм, но само повремено настапуваат.

Дадо Топиќ со Саша Матиќ го подели првото место на будванскиот фестивал 2003. На Дора 2007. Топиќ со групата Драгонфлај е избран да ја претставува Хрватска на Песна на Евровизијата 2007. која се одржа во Хелсинки.