Драмски театар - Скопје
![]() | |
| Основана | 1946 |
|---|---|
| Вид | културна установа |
| Место | Скопје |
| Директор | Роберт Вељановски |
| Мреж. место | dramskiteatar.com.mk |
Драмскиот театар — Скопје — една од најстарите театарски установи во Македонија.
Историја
[уреди | уреди извор]Театрот започнал како куклен/детски театар во рамките на Македонскиот народен театар (МНТ), која во 1946 година ја основал својата Куклена сцена.[1][2] Во 1949 година, по неколку успешни куклени претстави, Куклената сцена при МНТ и официјално прераснала во Градски куклен театар, чиј прв директор бил Лазар Балабанов.[2] Во сезоната 1957/58, под раководство на Ристо Стефановски, театарот се реорганизирал во Младинско-детски театар, кој своите претстави ги играл на две сцени: младинска и детска.
Од 1960 година во театарот започнала да работи и вечерната сцена, со првата претстава „Доживувањата на Николетина Бурсаќ“ (драматизација Миња Дедиќ, режија Петре Прличко; премиера на 5 февруари 1960).
Од земјотресот во 1963 до 1965 година, театарот немал своја зграда. На 4 март 1965 година, Драмскиот младинско-детски театар се преселил во монтажниот објект (изграден како донација на Британската амбасада) на улицата „Шекспирова“ во населбата Карпош 2.[3] Првата претстава што била изведена во новиот објект на театарот била „Богомилска балада“.[2] Едновремено се формирал и постојан професионален ансамбл, чии членови-основачи биле: Нада Гешоска, Димитар Гешоски, Дарко Дамески, Вукан Диневски, Мара Исаја, Јон Исаја, Ацо Јовановски, Тодорка Кондова-Зафировска, Драги Крстевски, Крум Стојанов, Милица Стојанова и Кирил Ќортошев. Истата година, театарот се преименувал во „Драмски театар“. Подоцна во театарот, доаѓа и помладата генерација на дипломирани глумци и веќе докажани професионалци: Стево Спасовски, Димче Мешковски, Снежана Стамеска, Благоја Чоревски, Ленче Делова, Коле Ангеловски, Мите Грозданов, Сабина Ајрула-Тозија, Владимир Ангеловски, Мето Јовановски, Ванчо Петрушевски, Ѓокица Лукаревски, Лиле Георгиева, Гоце Тодоровски, Ненад Стојановски, Славица Зафировска, Петар Темелковски, Лилјана Велјанова, Мајда Тушар, Марин Бабиќ.
Претстави
[уреди | уреди извор]До крајот на 2001 година, Драмски театар поставил 332 премиери и прикажал повеќе од 10.500 претстави. Најизведувани претстави во Драмскиот театар биле „Солунски патрдии“,[4] со 335 изведби во периодот 1979-2006, како и „Болва во уво“, со 333 изведби.Исто така, голема популарност имала претставата „Чија си“, која за само две години имала 181 изведба, како и претставите „Свадба“ на Васил Иљоски и во режија на Димитрие Османли и „Рибарски караници“ на Карло Голдони и во режија на Тодорка Кондова-Зафировска. Во 1963 година, претставите на Драмскиот театар ги гледале 142.465 гледачи, а таа година имало пет премиери и 259 одиграни претстави. Успешна година била и 1974 година, со 140.406 гледачи. Потоа, посетеноста на претставите започнала да се намалува и изнесувала: 80.000 гледачи во 1990 година, околу 50.000 во 2010 година (на 213 претстави) и 26.000 посетители во 2013 година (на 112 претстави). Првата Стериина награда, Драмски театар ја освоил за претставата „Покојник“ од Нушиќ, а во режија на Љубиша Георгиевски, додека најнаградувани претстави биле: „Јане Задрогаз“ од Горан Стефановски а во режија на Слободан Унковски, „Еригон“ од Јордан Плевнеш а во режија на Љубиша Георгиевски и „Диво месо“ на Горан Стефановски а во режија на Унковски.[2]
- Силјан штркот (адаптација и режија: Петре Прличко), 1946.[2]
- Богомилска балада, 1965.[2]
- Кога бранот бучи (режија: Илија Милчин), 1960.
- Кекец и Мојца (режија: Кирил Ќортошев), 1961.
- Парите се отепувачка, (режија: Тодор Николовски), 1961.
- Ваташка трагедија (режија: Мирко Стефановски), 1963.
- Сказна за Царот и овчарот (режија: Кирил Ќортошев) 1965.
- Џон Пиплфокс (режија: Сава Комненовиќ), 1965.
- Тројанки (режија: Љубиша Георгиевски), 1966.
- Кралот на елените (режија: Тодорка Кондова-Зафировска), 1966.
- Дундо Марое (режија: Крум Стојанов), 1966.
- Злосторство и казна (режија: Вукан Диневски), 1966.
- Пеѓа Милосављевиќ, Самоил (режија: Љубиша Георгиевски), 1966.
- Танцот на трендафилите (режија: Бојан Дановски), 1967.
- Доживувањата на храбриот Шивач (режија: Кирил Ќортошев), 1968.
- Германци (режија: Кажимјес Браун), 1968.
- Земја во која не се стигнува (режија: Душан Наумовски), 1968.
- Бегалка (режија: Тодорка Кондова-Зафировска), 1968.
- Макбет (режија: Герет Морган), 1969.
- Мачор во чизми (режија: Кирил Ќортошев), 1969.
- Владимир и Косара (режија: Тодорка Кондова-Зафировска), 1971.
- Црна Комедија (режија: Васил Ќортошев), 1971.
- Свадба (режија: Димитрие Османли), 1972.[2]
- Мустаките на Генералот Рококајко, (режија: Коле Ангеловски), 1972.
- Вишновата градина, (режија: Тодорка Кондова-Зафировска), 1973.
- Јас, Клаудиј (режија: Слободан Унковски) 1973.
- Ханлет од Долно Гаштани (режија: Љупчо Тозија), 1973.
- Болва во уво, (режија: Коле Ангеловски) 1974.[2]
- Легенда за Бошко Бува, (режија: Наум Пановски), 1974.
- Чук Чук Стојанче, (режија: Коле Ангеловски), 1975.
- И бол и бес (режија: Димитрие Османли), 1975.
- Егор Буричов и другите (режија: Димитар Ќостаров), 1975.
- Цар Едип (режија: Миле Корун), 1976.
- Достага на самиот врв на највисоката власт, 1975, (режија: Љубиша Георгиевски).
- Хамлет, (режија: Слободан Унковски), 1977.
- Шекспир во приказна, (режија: Коле Ангеловски), 1978.
- Ослободување на Скопје, (режија: Слободан Унковски), 1978.
- Солунски патрдии (режија: Коле Ангеловски), 1979.[2]
- Покојник (режија: Љубиша Георгиевски).[4]
- Јане Задрогаз (режија: Слободан Унковски), 1974.[4]
- Еригон (режија: Љубиша Георгиевски), 1982.[4]
- Диво месо (режија: Слободан Унковски) 1979.[4]
- Капетанот Џон Пиплфокс, (режија: Коле Ангеловски) 1981.[2]
- Бркотница (режија: Владимир Милчин) 1981.
- Рибарски караници (режија: Тодорка Кондова-Зафировска) 1979.[2]
- Дон Жуан (режија: Љубиша Георгиевски) 1980.
- Мачорот Џингискан и Мими Траси, (режија: Звездана Ладика),
- Преспански круг со црвена боја, (режија: Владимир Милчин), 1983.
- Хај - Фај (режија: Љубиша Георгиевски), 1983.
- Дупло дно (режија: Слободан Унковски), 1984.
- Викенд на мртовци, (режија: Коле Ангеловски), 1985.
- Тетовирани души, (режија: Паоло Маџели), 1985.
- Зојкиниот стан, (режија: Стојан Стојановски), 1986.
- Ноќ спроти водици, (режија: Димитар Станковски), 1986.
- Р, (режија: Љубиша Георгиевски), 1987.
- Стапица, (режија: Богдан Хусаковски), 1987.
- Татко, (режија: Тодорка Кондова-Зафировска), 1989.
- Собирен центар (режија: Коле Ангеловски), 1989.
- Женски оркестар, (режија: Димитар Станковски), 1991.
- Не сега драга (режија: Коле Ангеловски), 1991.
- Чернодрински се враќа дома (режија: Слободан Унковски), 1992.
- Бура е (режија: Коле Ангеловски).
- Сили во воздухот (режија: Ацо Алексов), 1992.
- Животот е сон (режија: Слободан Унковски), 1993.
- Дон Жаун (режија: Ненад Стојановски), 1994.
- Маратонците го трчаат почесниот круг (режија: Коле Ангеловски), 1994.
- Харем (режија: Димитар Станковски).
- Ревизор, (режија: Љубиша Георгиевски), 1995.
- Кумови, (режија: Коле Ангеловски), 1995.
- Ни ќар ни зијан (режија: Димитар Станковски), 1996.
- Вујко Вања (режија: Димитар Станковски), 1997.
- Словенски ковчег, (Режија: Димитар Станковски), 1998.
- Кандид во земјата на чудата, (Режија: Сашо Миленковски), 2000.
- Мефисто (режија: Коле Ангеловски). 2000.
- Брачна игра (режија: Љупчо Тозија), 2003.
- Што е тоа што ги тера жените навечер да трчаат по улиците на Мадрид, (Режија: Коле Ангеловски), 2004.
- Лет во место (Режија Слободан Унковски) 2005.
- Дон Жаун (Режија: Александар Поповски), 2005.
- Македонски рулет (Режија: Сашо Миленковски), 2007.
- Сон на летната ноќ (Режија: Коле Ангеловски) 2008.
- Генетика на кучињата (Режија: Дејан Пројковски]]) 2012.
- Македонска крвава свадба (Режија: Сташа Зуровац), 2012.
- Демонот од дебармаало (режија: Слободан Унковски) 2012.
- Фани Мани (режија: Коле Ангеловски) 2012.
- Огнени јазици (режија: Слободан Унковски 2013.
- Солунски патрдии (режија: Коле Ангеловски) 2013.
- Чија си (режија: Љупчо Ѓорѓиевски) 2013.
- Живот во тесни чевли (режија: Ненад Витанов 2014.
- Евангелие на глупоста, (режија: Љубиша Георгиевски) 2014.
- Капетанот Џон Пиплфокс, (режија: Коле Ангеловски) 2014.[2]
- Човекот што го изеде светот (режија: Билјана Радиноска), 2014.[5]
- Љубовници (режија: Катерина Коцевска), 2015.[6][7]
- Еригон (режија: Јани Бојаџи), 2015.
- Буре барут (режија: Сашо Миленковски), 2016. Глумци: Лазе Манасковски, Ванчо Петрушевски, Гоце Тодоровски, Ѓокица Лукаревски, Благица Димитровска, Јовица Михајловски, Благоја Чоревски, Александра Павлова, Игор Стојчевски, Виолета Шапковска, Емилија Мицевска, Сашо Тасевски, Симон Манасковски, Александар Степанулески, Рубенс Муратовски, Димитрија Доксевски, Филип Трајковиќ, Јана Стојановска.
- Лет над кукавичјото гнездо (режија: Ристо Алексовски), 2017.
- Венецијанскиот трговец (режија: Наташа Поплавска), 2017.[8]
- Атена со пенис (режија: Синиша Евтимов) 2017.
- Странци (режија: Нела Витошевиќ), 2018.
- Партија реми (режија: Виолета Џолева), 2018.
- Фестен (режија: Зоја Бузалковска), 2018.
- Крал Иби (режија: Васил Христов), 2018.
- Како да се ограби банка (режија: Иван Манасковски), 2018.
- Пантаглез (режија:: Владимир Милчин), 2019.
- Драмски за Конески, 2021.
- Птица со главата меѓу нозе (режија: Коле Ангеловски), 2021.
- Моето име е Горан Стефановски, (режија: Бранислав Миќуновиќ), 2022.
- Вернисаж (режија: Теа Беговска), 2022.
- Така зборуваше Гертруда (режија: Ангелчо Илиевски, 2022.
- За нас почнува живот (режија: Дејан Пројковски, 2022.
- Кафез кај Кокони (режија: Димче Николовски), 2023.
- Пикник на фронтот (режија: Андреј Цветановско), 2023.
- Падот на Масада (режија: Дејан Пројковски), 2023.
- Парови (режија: Ивана Ангеловска), 2024.
- Хеда Габлер (режија: Васил Христов), 2024.
- Фамилија Адамс (режија: Теа Беговска), 2024.
- Ифигенија за Ништо (режија: Филип Петковски), 2025.
- Куршуми над Бродвеј (режија: Ненад Витанов), 2025.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Прва претстава Силјан Штркот; драматизација и режија на Петре Прличко; изработка на кукли Светлана Малахова; премиера на 21 април 1946
- 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 Милена Атанасоска Манасиева, „Драмски имал најмногу гледачи веднаш по скопскиот земјотрес“, Дневник, година XX, број 5995, понеделник, 22 февруари 2016, стр. 22.
- ↑ „Драмски театар одбележа 50 години живот на улицата Шекспирова“, Утрински весник, година XVI, број 4725, четврток, 5 март 2015, стр. 15.
- 1 2 3 4 5 „Сомнително лице најизведувана во МНТ, Последните Македонци - во Драмски“, Дневник, година XIX, број 5697, петок, 20 февруари 2015, стр. 19.
- ↑ „Чиста и природна играбазирана на чувствителен текст“, Дневник, година XIX, број 5657, петок, 2 јануари 2015, стр. 19.
- ↑ „Премиера на „Љубовници“ во Драмски театар“, Утрински весник, година XVI, број 4721, петок, 27 февруари 2015, стр. 14.
- ↑ „Љубовници е непредвидлива и забавна претстава“, Утрински весник, година XVI, број 4723, понеделник, 2 март 2015, стр. 16.
- ↑ Вилијам Шекспир, Венецијански трговец. Скопје: НУ Драмски театар - Скопје, 2017.
