Дирк Новицки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дирк Новицки

Dirk Nowitzki 2.jpg

Лични информации
Роден на 19 јуни 1978 (1978-06-19) (41 г.)
Роден во Вирцбург, Германија
Националност Германија Германија
Висина 2,13 м
Тежина 111 кг
Позиција крилен центар
Информации за кариерата
Драфт 1998 / Рунда: 1 / Пик: 9
Избран од:
Милвоки Милвоки Бакс
Проф. кариера 1994—2019
Сениорски клубови
Години: Клубови:
1994–1998
1998–2019
ДЈК Вицбург ДЈК Вирцбург
Далас Далас Маверикс
Репрезентација
1997–2015 Германија Германија


Дирк Вернер Новицки (роден на 19 јуни 1978 во Вирцбург) — поранешен германски кошаркар. Кариерата ја започнал играјќи во локалниот кошаркарски клуб ДЈК Вирцбург, а потоа бил избран како 9-ти пик на НБА драфтот 1998 од страна на Милвоки Бакс и веднаш бил разменет во Далас Маверикс, каде тој ја поминал целата 21-годишна НБА кариера.[1]

Новицки е единствениот играч кој играл 21 година за една НБА франшиза. Тој бил учесник на Ол-стар натпреварите 14 пати и 12 пати бил избран во Ол-НБА тим. Тој е првиот европеец кој ја има освоено МВП наградата за најкорисен играч во сезоната 2006-2007. Негов најголем дострел со тимот на Далас Маверикс се случил во сезоната 2010-2011, кога ја освоил шампионската титула победувајќи го Мајами Хит во НБА финалето 2011 со 4-2 во серијата. Новицки исто така бил прогласен за најкорисен играч на финалето.

Забележителни успеси има постигнато и со репрезентацијата на Германија. На Светското првенство 2002, Германија го освоила бронзениот медал, а Новицки бил прогласен за МВП на турнирот. Три години подоцна, на Европското првенство 2005 Новицки со Германија стигнал до финалето во кое биле поразени од Грција.

Титули и награди[уреди | уреди извор]

НБА[уреди | уреди извор]

Прв тим (4) : 2005, 2006, 2007, 2009
Втор тим (5) : 2002, 2003, 2008, 2010, 2011
Трет тим (3) : 2001, 2004, 2012
2002, 2003, 2004, 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2010, 2011, 2012, 2014, 2015, 2019

Репрезентација[уреди | уреди извор]

Останато[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Дирк Новицки – Биографија, nba.com, проверено на 6 јануари, 2008

Надворешни врски[уреди | уреди извор]