Јанис Адетокунбо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јанис Адетокунбо
Giannis Antetokoummpo (31669417562).jpg
Адетокунбо настапува за Милвоки во 2016
број 34 – Милвоки Бакс
ниско крило / бек
Лични информации
Роден на6 декември 1994 (1994-12-06) (25 г.)
Атина, Грција
НационалностГрк
Височина6 ст 11 ин (2.11 м)
Тежина242 lb (110 kg)
Информации за кариера
НБА драфт2013 / Круг: 1 / Избор: 15-ти вкупно
Одбран од Милвоки Бакс
Професионална кариера2012–сѐ уште
ЛигаНБА
Историја на кариера
2012–2013Филатлитикос
2013–сѐ уштеМилвоки Бакс
Значајни моменти од кариерата и награди
Статистика на NBA.com

Јанис Адетокунбо (грчки: Γιάννης Αντετοκούνμπο; роден на 6 декември 1994 во Атина)[1] — грчки професионален кошаркар кој настапува за екипата на Милвоки Бакс во НБА. Висок е 2,11 метри и најчесто игра на позицијата ниско крило, но може да игра и како бек поради неговата вештина во водење топка. Во сезоната 2015–16 настапувал како организатор на играта за екипата на Милвоки.[2] Адетокунбо прераснал во кошаркарска суперѕвезда во сезоната 2016–17, кога бил најефикасен играч на Милвоки во сите пет значајни статистички категории и станал првиот играч во НБА кој бил во првите 20 кошаркари од лигата по број на поени, скокови, асистенции, украдени топки, и блокирани удари.[3] Адетокунбо има нигериско потекло.[4][5]

Адетокунбо добил грчко државјанство во 2013,[6] а од 2014 настапува за кошаркарската репрезентација на Грција со која го освоил петтото место на светското првенство во кошарка во Шпанија.[7] Со грчката репрезентација настапил и на европското првенство во кошарка 2015 каде на осум натпревари имал просек од 9,8 поени, 6,9 скокови и 1,1 асистенција по натпревар.[8]

Статистика[уреди | уреди извор]

Легенда
  ОН Одиграно натпревари   СН  Натпревари како стартер  МПН  Минути по натпревари
 ПШИ%  Процент на шут од игра  3П%  Процент на шут за три поени  СФ%  Процент на шут за слободни фрлања
 СкПН  Скокови по натпревар  AсПН  Асистенции по натпревар  УТПН  Украдени топки по натпревар
 БлПН  Блокади по натпревар  ППН  Поени по натпревар  Задебелено  Најдобро во кариерата

НБА[уреди | уреди извор]

Регуларен дел[уреди | уреди извор]

Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2013–14 Милвоки 77 23 24,6 0,414 0,347 0,683 4,4 1,9 0,8 0,8 6,8
2014–15 Милвоки 81 71 31,4 0,491 0,159 0,741 6,7 2,6 0,9 1,0 12,7
2015–16 Милвоки 80 79 35,3 0,506 0,257 0,724 7,7 4,3 1,2 1,4 16,9
2016–17 Милвоки 80 80 35,6 0,522 0,272 0,770 8,7 5,4 1,6 1,9 22,9
Просек 318 253 31,8 0,497 0,277 0,740 6,9 3,6 1,1 1,3 14,9
Ол Стар 1 1 23,0 0,824 0,000 1,000 6,0 1,0 3,0 1,0 30,0

Разигрување[уреди | уреди извор]

Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2015 Милвоки 6 6 33,5 0,366 0,000 0,739 7,0 2,7 0,5 1,5 11,5
Просек 6 6 33,5 0,366 0,000 0,739 7,0 2,7 0,5 1,5 11,5

Втора грчка лига[уреди | уреди извор]

Сезона Екипа GP MPG FG% 3P% FT% RPG APG SPG BPG PPG
2012–13 Филатлитикос 26 22,5 0,464 0,313 0,720 5,0 1,4 0,7 1,0 9,5
Просек 26 22,5 0,464 0,313 0,720 5,0 1,4 0,7 1,0 9,5

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Giannis Antetokounmpo“. FIBAEurope.com. конс. April 4, 2016. 
  2. Aschburner, Steve (March 8, 2016). 'Point forward' more than a novelty for Antetokounmpo“. NBA.com. конс. April 4, 2016. 
  3. „Bucks superstar Giannis Antetokounmpo finishes breakout season in league of his own“. NBA.com. April 12, 2017. конс. April 13, 2017. 
  4. Hein, David (March 16, 2013). „Adetokoubo's whirlwind saga just starting“. FIBA.com. конс. January 23, 2015. 
  5. Hein, David (July 13, 2013). „Greek-Nigerian prodigy makes NBA dream come true“. FIBA.com. конс. January 24, 2015. 
  6. „Έλληνες πολίτες οι αδερφοί Αντετοκούμπο“. Sport24.gr. May 9, 2013. конс. December 31, 2015. 
  7. „2014 FIBA Basketball World Cup – Giannis Antetokounmpo“. FIBA.com. конс. April 4, 2016. 
  8. „Giannis Antetokounmpo“. eurobasket2015.org. конс. April 4, 2016. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]