Светско првенство во кошарка 2014

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Светското првенство во кошарка 2014 се одржало во Шпанија.

Групна фаза[уреди | уреди извор]

Елиминации[уреди | уреди извор]

на 10 септември 2014 година, репрезентацијата на домаќинот Шпанија, која пред почетокот на првенството важела за фаворит за влез во финалето, во четврт-финалето неочекувано изгубила од репрезентацијата на Франција, со резултат 52-65. Во четвртфиналниот натпревар, Србија убедливо го победила Бразил со резултат 84:56.[1] Два дена подоцна, на 12 септември, во полуфиналето, Франција се сретнала со репрезентацијата на Србија, при што изгубила, со резултат 85-90 (15:21, 17:25, 14:15, 39:29).[2]

На 13 септември се одиграл натпреварот за третото место, во кој Франција ја победила Литванија со 95:93 (22:19, 21:23, 21:29, 31:22) и го освоила бронзениот медал.[3]

Финалниот натпревар на светското првенство се одржал на 14 септември во Мадрид и во него, репрезентацијата на САД убедливо ја победила Србија, со резултат 129-92. Притоа, Србија била рамноправна само на почетокот од натпреварот, кога имала водство од 15-7, но репрезентацијата на САД направила серија од 15-0 и потоа, само го зголемувала водството. Кајри Ирвинг бил најефикасен кошаркар на мечот, со постигнати 26 поени, од кои, шест тројки од исто толку обиди, додека големата ѕвезда на американската кошарка, Џејмс Харден го завршил натпреварот со постигнати 23 кошеви. Најефикасни во српската репрезентација биле Немања Бјелица и Никола Калиниќ, кои постигнале по 18 поени.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]