Прејди на содржината

Кевин Дјурант

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кевин Дурант
ПозицијаКрило
Висина2,06 м
Тежина88 кг
ЛигаНБА
КлубБруклин Бруклин Нетс
Број35
Роден29 септември 1988(1988-09-29)(36 г.)
Вашингтон
НационалностСАД САД
ФакултетТексас (2006–2007)
Драфт2007 / Рунда: 1 / Пик: 2-ри overall
Избран од Сиетл Суперсоникс Сиетл Суперсоникс
Проф. кариера2007–
Клубови
2007–2008Сиетл Суперсоникс Сиетл Суперсоникс
2008–2016Оклахома Оклахома Тандер
2016–2019Голден Стејт Голден Ст. Вориорс
2019-Бруклин Бруклин Нетс
Репрезентација
Инфо од: 29.11.2016.

Кевин Дурант (роден 29 септември 1988 год.) — американски кошаркар, играч на Бруклин Нетс. 206 см високиот Дјурант кој игра на позиција ниско крило и бек, и кој исто така е способен да игра како крилен центар, беше избран за играч на годината во универзитетската кошаркарска лига, а меѓу останатите награди во сезоната 2006-2007 беше избран за играч на годината од страна на универзитетскиот спортски собир. Истакнувајќи се во првата сезона на Универзитетот во Тексас, Дјурант одлучи да се пријави на НБА драфтот, каде што беше избран севкупно втор од страна на Сиетл Супер Соникс. Во неговата дебитантска сезона во НБА, Кевин ја освои наградата дебитант на годината. Во 2007 година, Дјурант потпиша договор за рекламирање со Најк. Во сезоната 2009-10, Дјурант беше најдобар стрелец во НБА и стана најмладиот играч што некогаш ја освоил оваа награда. Кевин подоцна ќе биде избран во првата петорка на НБА за сезоната 2010.

Кариера во средно училиште

[уреди | уреди извор]

Кошаркар од неговите најрани денови, Дјурант играше за младинскиот успешен кошаркарски тим “ПГ Јагуарс”, во аматерската спортска унија. Тимот освои повеќе државни првенства со Дјурант и неговите соиграчи, а во иднина и негови противници, Мајкл Бизли( Тимбервулфс) и Крис Брасвел( УНЦ- Шарлот). Дјурант го носеше, и продолжи да го носи дресот со број 35, во чест на неговиот ментор од детството и тренер, Чарлс Крег, кој беше убиен на 35- годишна возраст. Дјурант подоцна се пресели да игра кошарка во аматерската спортска унија со неговиот другар Тај Лосон( Денвер Нагетс) во тимот “ДЦ Блу Девилс”. По две години поминати во националната христијанска академија, и една година во Оук Хил академијата, Дјурант порасна за неколку сантиметри и беше висок 201 cm кога почна да игра во неговата завршна година во Монтрос, христијанско школо во Роквил, Мериленд, при што со текот на времето порасна за уште неколку сантиметри. Во Монтрос, Дјурант го предводеше тимот во постигнати бодови и украдени топки и беше прогласен за играч на годината од страна на “Вашингтон Пост”. Во текот на времето поминато во Монтрос, Кевин играше во “The Les Schwab Invitational”, државен кошаркарски турнир во државата Орегон. Дјурант, исто така, додека беше во Монтрос играше со сегашниот плејмејкер на Ну Орлеанс Хорнетс, Грејвис Васкес. Фетер го опиша Дјурант како голем работник со соодветна висина и неверојатни вештини за шутирање, водење топка, одбрана, па дури и некои потези за поставување пред кошот. Дјурант, исто така, беше именуван во најдобриот тим на Мекдоналдс и беше прогласен заедно со Чејс Бадингер за МВП на Мекдоналдс натпреварот во 2006 година. Зад Грег Оден, Дјурант нашироко се сметаше за втор играч во средното училиште со најдобра иднина.

Универзитетска кариера

[уреди | уреди извор]

206 cm високиот Дјурант, кој игра на повеќе позиции, со распон на раце од 224 cm, беше еден од четирите бруцоши кои беа во првата петорка за кошаркарскиот тим на Универзитетот во Тексас. Дјурант ги започна сите 35 натпревари во сезоната, која кулминираше со пораз од Универзитетот во Јужна Калифорнија во втората рунда на НЦАА( NCAA) турнирот. Тексас заврши на третото место во конференцијата со скор 12- 4 и беше финалист на кошаркарскиот турнир “ Big 12 Men's Basketball Tournament” во 2007 година.

Иако имаше витко тело, Дјурант често го користеше во негова предност за постaвување пред повисоки играчи, а, пак, шутирајќи преку пониски бекови. Аналитичарот на ЕСПН( ESPN), Дик Витале го пофали Дјурант како еден од највештите повисоки играчи во напад на сите времиња, и почна да ја споредува играта на Дјурант како со оние на сегашните НБА ѕвезди, Кевин Гарнет и Дирк Новицки. По 37 постигнати бодови и 23 скокови, победничкиот перформанс против Тексас Тек Ред Рајдерс(Texas Tech Red Raiders), главниот тренер Боб Најт го опиша Дјурант како брз, вешт и подвижен, и дека е навистина добар. Тренерот на Тексас, Рик Барнс призна дека ретко користел готови акции за Дјурант, наместо тоа се потпирал на самииот Дјурант и неговата игра, и на тоа неговите соиграчи да го проиграат во нападот.

Приближувајќи се кон сезоната, Дјурант нашироко беше сметан од страна на медиумите како најдобар дебитант во “The Big 12 Conference”, и главен кандидат да биде именуван за дебитант на годината. Кевин, во просек постигнуваше 25.8 бода и 11.1 скокови по натпревар за време на неговата дебитантска сезона со Тексас Лонгхорнс. Во натпреварите на “Големата 12-ка”, Кевин постигнуваше во просек 28.9 бода и 12.5 скокови по натпревар. Во неговата универзитетска кариера, бројот на најмногу постигнати бодови му беше 37 бода, повторувајќи го истото во четири наврати. Дјурант имаше 30 натпревари со по најмалку 20 бода во неговата дебитантска сезона, вклучувајќи ги и 37-те постигнати бодови во поразот против Канзас, во натпревар за титулата во регуларниот дел од сезоната на “Големата 12-ка”.

Во март 2007 година, Дјурант беше прогласен за играч на годината од страна на националната кошаркарска асоцијација на тренери( National Association of Basketball Coaches), и го прими трофејот Оскар Робертсон и трофејот Адолф Ф. Рап, станувајќи со тоа првиот дебитант освојувајќи ги овие награди. На 30 март 2007 година, Кевин беше избран за универзитетски играч на годината од страна на здружението на новинари, станувајќи прв дебитант и прв играч на Тексас кој ја добил оваа награда, уште од нејзиното основање во 1961 година. На 1 април 2007 година, Кевин стана првиот дебитант кој ја добил Нејсмит нгаградата(Naismith Award), а на 7 април 2007 година, ја освои наградата Џон Р. Вуден( John R. Wooden Award).

Помалку од една недела, откако беше избран од страна на Сиетл Супер Соникс, универзитетот на Тексас го најави повлекувањето на дресот на Дјурант со бројот 35. Бројот сега ќе виси во рафтовите на Френк Ирвин центарот(Frank Erwin Center) заедно со бројот 11 на поранешниот играч на Лонгхорн, големиот Т. Џеј Форд. Дресот на Дјурант е сега еден од деветте дресови кои се повлечени од страна на универзитетот во Тексас.

Универзитетска статистика

[уреди | уреди извор]
Универзитет Година ОН ЗН МИН УПН БПН СПН АПН ППН % ОП % СФ % 3П
Тексас 2006–07 35 35 35.9 1.9 1.9 11.1 1.3 25.8 .473 .816 .404

НБА-кариера

[уреди | уреди извор]

Дебитантска сезона

[уреди | уреди извор]

На 11 април 2007 година, Дјурант се пријави да учествува на НБА- драфтот, и на 25 мај го потпиша својот прв професионален договор со фирмата “Апер Дек” (Upper Deck Company), која подоцна навести дека Дјурант ќе биде во фокусот на нивните НБА- картички за менување во сезоната 2007-08. На 28 јуни 2007 година, на НБА- драфтот во 2007 година, Дјурант беше избран севкупно како втор пик од страна на Сиетл Супер Соникс. Се очекуваше дека или тој или Грег Оден, почетниот центар на Охајо Стејт, ќе го заземат местото број 1 на драфтот. Сепак, Оден беше избран како прв пик севкупно од страна на Портланд Треил Блејзерс. Во месецот што следеше, Дјурант се спремаше да потпише седумгодишен договор за рекламирање на Најк, вреден 60 милиони американски долари, дебитантски договор кој беше единствено помал од оној договор на Леброн Џејмс со Најк. Следбено на ова, Дјурант наводно одбил потенцијален договор со Адидас вреден 70 милиони американски долари, одлучувајќи се за Најк, бидејќи тој ги носи целиот свој живот.

На 31 октомври 2007 година, Дјурант го направи своето НБА- деби со постигнати 18 бода, 5 скока и 3 украдени топки во поразот од Денвер Нагетс. На 16 ноември 2007 година, Дјурант го постигна својот прв победоносен шут во неговата НБА кариера со клучната тројка за победа над Атланта Хокс после две продолженија. Дјурант го заврши натпреварот со 21 бод, 3 скока, 2 асистенции, 3 украдени топки и 3 блокади. На 30 ноември 2007 година, Дјурант постигна 35 бода за победа над Индијана Пејсерс. Во натпревар против Денвер Нагетс, Кевин атакуваше на трипл- дабл за на крај да има 37 бода, 8 скока и 9 асистенции. На последниот натпревар во неговата дебитантска сезона, Дјурант конечно го постигна својот прв дабл- дабл во неговата кариера, со до тогаш највисоки за него 42 бода и исто така највисоки за него 13 скока, а исто така додаде и 5 асистенции. Од сите дебитанти во сезоната, Кевин беше водечки стрелец, па следбено на тоа, тој беше прогласен за дебитант во Западната конференција во НБА, за месец ноември и декември 2007 година, и месец јануари, март и април 2008 година. Постигнатите 20.3 бода во просек по натпревар на Дјурант, го сруши 40 години стариот дебитантски рекорд на Супер Соникс-и поставен од страна на Боб Рул во текот на сезоната 1967-1968. На 30 април 2008 година, здружението на новинари објави дека наградата НБА- дебитант на годината за сезоната 2007-08 му ја доделува на Дјурант.

Сезона 2008/09

[уреди | уреди извор]

По сезоната 2007-08, Супер Соникс-и се преселија во Оклахома и се преименуваа во Оклахома Сити Тандер. Иако Дјурант не беше избран да игра на НБА ол-стар натпреварот 2009 година, во Феникс, Кевин учествуваше во два натпревари. На 13 февруари 2009 година, Дјурант го предводеше тимот на Софомор во победа од 122-116 против тимот на дебитантите, во натпреварот на дебитантите и играчите со една година искуство во НБА. Кевин беше прогласен за МВП на натпреварот, по рушењето на стариот рекорд на Софоморс од 36 постигнати бодови поставен во 2004 година од страна на крилниот центар на Санс-и, Амаре Стадемаер, постигнувајќи 46 бода. Следниот ден, Дјурант се врати од негатива за да победи на првиот некогаш одигран натпревар во “H-O-R-S-E Competition” во историјата на НБА ол-стар викендите, победувајќи ги Џо Џонсон од Атланта Хокс и О. Џеј Мејо од Мемфис Гризлис, по брзото добивање четири букви на почетокот на натпреварот.

Сезона 2009/10

[уреди | уреди извор]

Почнувајќи ја сезоната, тимот не очекуваше да се натпреварува за пласман во плеј-офот, меѓутоа, предводени од Дјурант, регуларниот дел од сезоната тие го завршија со 50 победи и беа осми носители во западната конференција во плеј-офот. Подобрувањето од 27 победи повеќе во однос на претходната година беше шестиот најголем пресврт во НБА историјата. Во 2010 година, Дјурант вторпат по ред победи на натпреварот во “H-O-R-S-E Competition”. Кевин, исто така, го забележа својот прв настап на Ол-стар натпреварот, и беше тренер на дебитантите во натпреварот на дебитантите против играчите со една година искуство во НБА. Кевин стана најмладиот играч во историјата, кој ја освоил титулата за најдобар стрелец во лигата, постигнувајќи 30.1 боди во просек по натпревар, победувајќи го Леброн Џејмс. Дјурант, исто така, постави нов рекорд за најмногу натпревари по ред, постигнувајќи барем 25 бода на натпревар, соборувајќи го со тоа стариот рекорд на Ален Ајверсон.

На 18 април 2010 година, Дјурант го забележа своето деби во плеј-офот со 24 постигнати бодови, во поразот од 79-87 против Лос Анџелес Лејкерс. Кевин постигна 32 бода во поразот од 95-92 во вториот натпревар, но одговори со 29 постигнати бодови и 19 скока во победата од 101-96 во Оклахома Сити. Кевин потоа во победата од четвртиот натпревар против бранителот на титулата постигна 33 бода. Во натпреварот број 5, Дјурант потфрли со 17 постигнати бодови, па така неговиот тим загуби со 111-87. Натпреварот број 6 беше крај на сезоната за Тандерс-и, бидејќи По Гасол постигна победоносен бод во последната секунда. Лос Анџелес Лејкерс продолжи во вториот круг од плеј-офот, бидејќи победија со 95-94. Дјурант постигна 26 бода во последниот натпревар од сезоната.

На 2 мај 2010 година, НБА објави дека Дјурант заврши на второто место во гласањето за МВП во сезоната 2009-2010, зад Леброн Џејмс.

Дјурант му се приклучи на Леброн Џејмс како најдобри крила во најдобрата петорка во НБА за 2010 година, заедно со Двајт Хауард, Коби Брајант и Двејн Вејд, како што беше соопштено од страна на НБА на 6 мај 2010 година. Тоа беше негов прв избор во најдобрата петорка во НБА.

Сезона 2010/11

[уреди | уреди извор]

На 7 јули 2010 година, Дјурант на својата Твитер страна објави дека тој потпишал продолжување на договорот со Тандерс-и на 5 години. Продолжувањето е во вредност од околу 86 милиони американски долари. Втора година по ред, Дјурант беше најдобар стрелец во НБА лигата, постигнувајќи во просек 27.7 бода по натпревар, и заврши како петти во гласањето за МВП. Дјурант го забележа својот втор настап на Ол-стар натпреварите, и постигна 34 бода, помагајќи му на Западот да го победи Истокот со 148-143. Дјурант го предводеше Тандер до 55 победи, и со тоа беа четврти носители во Западната конференција. Тандерс-и изгубија во финалето на Западната конференција од идниот НБА шампион, Далас Маверикс.

Меѓународна кариера

[уреди | уреди извор]

Кон крајот на февруари 2007 година, доби покана од кампот за обука на кошаркарскиот тим на САД, станувајќи со тоа вториот дебитант после Грег Оден, кој се здобил со ова. По само неколку одиграни натпревари во 2007 година, во летната лига на НБА, Дјурант беше избран да игра за репрезентацијата на САД, и учествуваше во турнирот “State Farm USA basketball challenge”, заедно со НБА- ѕвезди како Коби Брајант, Леброн Џејмс, Крис Бош и Двајт Хауард. Иако Дјурант постигна 22 бода на еден натпревар за “Сините”, Кевин на крајот не беше избран, откако списокот беше скратен на најмногу 12 играчи. Тренерот Мајк Крижевски, цитираше дека искуството на останатите играчи беше одлучувачки фактор во конечниот избор. Кевин, исто така, беше еден од последните играчи што испаднаа од списокот за машката кошаркарска репрезентација на САД, за Летните олимписки игри во 2008 година.

Дјурант конечно беше во можност да ја претставува репрезентацијата на САД, на ФИБА Светското првенство, во 2010 година, и излезе дека е одличен избор, бидејќи останатите ѕвезди не беа достапни од различни причини. Пред турнирот, Кевин го потцени овој став, велејќи “тој бил само обичен играч во тимот”. На крајот, Кевин го предводеше тимот на САД до првата титула на ФИБА Светското првенство од 1994 година, и беше прогласен за МВП на првенството. По патот, Дјурант сруши неколку рекорди за постигнати бодови во тимот на САД, вклучувајќи и најмногу постигнати бодови на едно првенство (205 бода), и постигнати најмногу бодови на еден натпревар( 38 бода). Кевин во просек постигнуваше 22.8 бода, 6.1 скока, 3.1 асистенција и 1.4 украдени топки во девет натпревари. Кевин го изрази својот интерес за да игра на Летните Олимписки игри во 2012 година, за репрезентацијата на САД.

Приватен живот

[уреди | уреди извор]

Дјурант е син на Ванда и Вејн Прат, тој има една сестра, Брајана и двајца браќа, Тони и Рејвон. Заедно со неговата мајка, Кевин исто така, беше одгледан од страна на неговата баба, Барбара Дејвис. Дјурант и Мајкл Бизли пораснаа заедно, имајќи блиско пријателство, и останаа најдобри пријатели. Дјурант е портпарол на секторот за музички записи( P'Tones Records) за Вашингтон Д. Ц., непрофитабилна музичка програма по училиште, низ целата земја.

Статистика во НБА-кариерата

[уреди | уреди извор]
ЛЕГЕНДА
ОН Одиграни натпревари ЗН Започнати натпревари МПН Минути по натпревар
% ОП Процент од поле % 3П Процент за три бода % СФ Процент за слободни фрлања
СПН Скокови по натпревар АПН Асистенции по натпревар УПН Украдени топки по натпревар
БПН Блокади по натпревар ППН Бодови по натпревар Bold Најмногу во кариерата

Регуларен дел од сезоната

[уреди | уреди извор]
Година Тим ОН ЗН МПН % ОП % 3П % СФ СПН АПН УПН БПН ППН
2007–08 Сиетл 80 80 34.6 43% 28.8% 87.3% 4.4 2.4 1.0 0.9 20.3
2008–09 Оклахома Сити 74 74 39.0 47.6% 42.2% 86.3% 6.5 2.8 1.3 0.7 25.3
2009–10 Оклахома Сити 82 82 39.5 47.6% 36.5% 90% 7.6 2.8 1.4 1.0 30.1
2010–11 Оклахома Сити 78 78 38.9 46.2% 35% 88% 6.8 2.7 1.1 1.0 27.7
Вкупно 314 314 38.0 46.2% 35.7% 88.2% 6.3 2.7 1.2 0.9 25.9
Ол-стар 2 1 25.0 48.6% 35.7.3% 100% 4.0 1.0 1.0 1.0 24.5
Година Тим ОН ЗН МПН % ОП % 3П % СФ СПН АПН УПН БПН ППН
2010 Оклахома Сити 6 6 38.5 35% 28.6% 87.1% 7.7 2.3 0.5 1.3 25.0
2011 Оклахома Сити 17 17 42.5 44.9% 33.9% 83.8% 8.2 2.8 0.9 1.1 28.6
Вкупно 23 23 41.4 42.3% 32.6% 84.7% 8.0 2.7 0.8 1.2 27.7

Награди и признанија

[уреди | уреди извор]
  • МВП на ФИБА Светското првенство во 2010 година
  • НБА Ол-стар натпревар: 2010, 2011 година
  • Најдобар стрелец во НБА: 2010, 2011 година
  • Најдобра петорка во НБА: 2010, 2011 година
  • Победник на НБА Ол-стар викендот во натпреварот за “H–O–R–S–E Competition”: 2009, 2010 година
  • МВП на НБА натпреварот за дебитанти: 2009 година
  • Дебитант на годината во НБА: 2008 година
  • Најдобра дебитантска петорка: 2008 година
Важни настани и рекорди
  • Најмногу бодови во натпреварот за дебитанти (46)
  • Најмногу бодови во натпревар на НБА Ол-стар викенд (46)
  • Најмногу бодови во натпревар на ФИБА Светското првенство со Репрезентацијата на САД (38)
Рекорди во историјата на Сиетл Супер Соникс/ Оклахома Сити Тандер
  • Последователни натпревари постигнувајќи 30 или повеќе бодови (на двапати по 7 натпревари, од 22 декември 2009 до 2 јануари 2010 година, и од 4 април до 14 април 2010 година)
  • Го сруши рекордот од 6 натпревари до тогаш од страна на Спенсер Хејвуд во јануари 1972 година
  • Последователни натпревари постигнувајќи 25 или повеќе бодови (29 натпревари, од 22 декември 2009 година до 23 февруари 2010 година)
  • Најмногу натпревари со 30 и повеќе постигнати бодови во една сезона (48 натпревари, сезона 2009-2010)
  • Најмногу бодови во една сезона (2472 бода, сезона 2009-2010)

Останати достигнувања

[уреди | уреди извор]
  • Во 2006 година заедно со Чејс Бадингер ја доби наградата за МВП на Мекдоналдс натпреварот
  • Најдобар американски спортист во 2007 година според ЕСПН
  • Играч на годината во 2007 година според ЕСПН
  • Играч на годината во првата дивизија во 2007 година од страна Националната кошаркарска асоцијација на тренери
  • Играч на годината од страна на здружението на новинари ( прв дебитант кој се здобил со ова признание)
  • Во првиот тим на најдобри американски спортисти во 2007 година од на здружението на новинари ( едногласно)
  • Трофејот Оскар Робертсон во 2007 година
  • Трофејот Адолф Ф. Рап во 2007 година
  • Добитник на наградата Нејсмит во 2007 година ( прв дебитант кој го постигнал ова)
  • Наградата Џон Р. Вуден за најдобриот американски тим во 2007 година
  • Добитник на наградата Џон Р. Вуден во 2007 година
  • Дебитант на неделата во “Големата 12-ка” ( шест пати)
  • Играч на неделата во “Големата 12-ка” ( четири пати)
  • Добитник на Филипс 66 наградите во “Големата 12-ка”:
  • Играч на годината
  • Дебитант на годината во “Големата 12-ка”
  • Во најдобрата петорка на “Големата 12-ка” ( едногласно)
  • Во најдобрата одбранбена петорка на “Големата 12-ка”
  • Во најдобрата дебитантска петорка на “Големата 12-ка” ( едногласно)
  • Национален играч на годината во 2007 година од страна на здружението на новинари

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]