Лука Дончиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лука Дончиќ
Luka Dončić
Дончиќ со Реал Мадрид во 2017 година
Дончиќ со Реал Мадрид во 2017 година
ПозицијаБек / Плејмејкер
Висинам
Тежинакг
ЛигаАЦБ лига
Евролига
ЕкипаРеал Мадрид
Број7
Роден28 февруари 1999 (1999-02-28) (20 г.)
Љубљана, Словенија
Националностсловенечка
Проф. кариера2015–
Клубови
2015–до денесРеал Мадрид
Репрезентација

Лука Дончиќ (роден на 28 февруари 1999 година во Љубљана) — словенечки кошаркар. Игра на позициите на плејмејкер и бек, а моментално настапува за Реал Мадрид.

Бил најкорисен играч на јуниорскиот турнир на Евролигата во 2015 година. Со Реал досега по двапати ги освоил АЦБ лигата и Купот на Шпанија, а го освоил и Интерконтиненталниот куп во 2015 година. За сениорската репрезентација на Кошаркарска репрезентација на СловенијаСловенија е повика на Европското првенство 2017 и веднаш ја презел улогата на прв плејмејкер во екипата. Официјално висок е 2,01 м и тежок 99 кг.

Се смета за еден од најголемите млади таленти на европската кошарка и еден од најдобрите играчи во неговата генерација.

Кариера[уреди | уреди извор]

Јуниорска кариера[уреди | уреди извор]

Основно училиште завршил во Љубљана. Кариерата ја почнал во младите категории на Унион Олимпија. Брзо го забележале скаутите од Реал Мадрид. Во септември 2012 година потпишал петгодишен договор со Реал Мадрид.[1] Со јуниорите на Реал го освоил јуниорскиот турнир на Евролигата во 2015 година и бил прогласен за најкорисен играч.

Реал Мадрид[уреди | уреди извор]

Лука Дончиќ во дресот на Реал во 2016 година

За првиот тим на Реал дебитирал на 30 април 2015 година и така станал најмладиот дебитант во историјата на кралскиот клуб на возраст од само 16 години и два месеци.[2] Воедно станал третиот најмлад дебитант во историјата на првата шпанска АЦБ лига. ]].[3]

Во сезоната 2015/16, Реал го освоил шпанското првенство откако во финалето ја победиле Барселона. Оваа сезона, Дончиќ играл на 31 натпревар на шпанската лига, влегувал од клупата како резервен играч и во просек играл 14 минути, а остварувал 4,9 поени, 2,8 скокови и 2 асистенции по меч. После тоа забележан е како најмладиот победник во финале, имал само 17 години и 115 дена.[4]

Во текот на подготвителниот период пред почетокот на сезоната 2016/17 покажал голем напредок во играта. Така на пријателските мечеви во септември 2016 година прв пат играл во почетната петорка и го покажал својот талент со многу добри настапи. Во тој период бил прв стрелец на тимот. .[5] После тоа добивал поголема минутажа, а со тоа и поголеми можности за докажување.

Во декември 2016 година прв пат заблескал во Евролигата. Прво на домашен терен на натпреварот против Жалгирис постигнал 17 поени, од кои осум во одлучувачките последни минути на мечот и бил најзаслужен за победата во неизвесната завршница. .[6] Бил избран за најдобар играч на 13. коло на Евролигата. На натпреварот против германскиот Бамберг, остварил 16 поени, 6 скока, 5 асистенции и имал три украдени топки. Сето тоа со статистички индекс 25. [7] Со добрите игри продолжил во Истанбул против [[КК Анадолу Ефес|Анадолу Ефес\\, кога стигнал до индекс 31, остварувајќи 17 поени, 5 скока и 9 асистенции и повторно бил најдобар стрелец на мечот. .[8]

На 13 јануари 2017 година по втор пат бил најдобар играч на колото на Евролигата, а истовремено го достигнал и својот најголем индекс на статистичка ефикасност кој изнесувал 32.[9] Со тоа станал четвртиот словенечки кошаркар кој успеал тоа да го постигне. Покрај него овој резултат го постигнале Јака Лакович, Матјаж Смодиш и Еразем Лорбек.[10]

Исто така прогласен е за Ѕвезда во подем на Евролигата за сезоната 2016/2017, која им се доделува на најперспективните млади играчи на возраст до 22 години.[11]

Во февруари успешно настапил во Куп на Шпанија во кошаркаКупот на кралот кога Реал го освоил трофејот, а Дончиќ во финалето придонел во победата на својот тим со 9 поени.[12] Во април во четвртфиналето на Евролигата Реал играл против Дарушфака и два пати бил избран за најдобар играч на натпреварот. У априлу је у четвртфиналу Евролиге Реал играо против Дарушафаке и два пута узастопно је изабран за најбољег играча утакмице.[13] Реал се пласирал во фајнал фор на Евролигата во Истанбул и го зазел четвртото место.

Репрезентација[уреди | уреди извор]

За сениорската репрезентација на Словенија дебитирал на Европското првенство 2017. [14] Словенија се пласирала во полуфиналето на ова првенство со победа против Летонија, а нејзин најефикасен играч бил Дончиќ со 27 поени и 9 скока. [15] Во полуфиналето Словенците ја победиле Шпанија и ја освоиле првиот историски медал, а Дончиќ имал дабл-дабл остварување - 11 поени, 12 скока и 8 асистенции.[16]

Приватно[уреди | уреди извор]

Лука е син на некогашниот кошаркар Саша Дончиќ кој бил играч на многу словенечки клубови како и на Слога од Краљево. Семејството Дончиќ е од српско потекло од селото Бича во близина на Клина.[17][18] Лука од мал е навивач на Црвена ѕвезда од Белград.[19]

Успеси[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Поединечни[уреди | уреди извор]

Репрезентативни[уреди | уреди извор]

  • Словенија:
  • Финале на Европското првенство 2017 година

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „13-letni Luka Dončić odhaja v Real: Igral bo le za sladoled in kokakolo“. dnevnik.si. 18. 9. 2012. 
  2. „ВИДЕО: Словенац најмлађи дебитант у историји Реал Мадрида“. novosti.rs. 
  3. „Doncic, youngest player to make debut for Real Madrid“. realmadrid.com. 30. 4. 2015. 
  4. „Real prvak, s tribun pa odmevalo "Luka, Luka, Dončić, Dončić". ekipa24.si. 23. 6. 2016. 
  5. „Dončić že dvometraš, na pripravah prvi strelec Reala“. planet.si. 22. 9. 2016. 
  6. „Evroliga: razpoloženi Dončić poskrbel, da je Žalgiris v Madridu ostal praznih rok“. delo.si. 8. 12. 2016. конс. 9. 1. 2017. 
  7. „Luka Dončić najmlajši MVP kroga v evroligi“. sport-tv.si. 22. 12. 2016. конс. 9. 1. 2017. 
  8. „Evroliga: Dončić ključni igralec Reala pri zmagi v Istanbulu“. delo.si. 29. 12. 2016. конс. 9. 1. 2017. 
  9. „Dončićeva predstava za naziv MVP kroga“. rtvslo.si. 13. 1. 2017. конс. 19. 1. 2017. 
  10. „Dončić najprej po izpit za avto, nato pa po lovorike“. rtvslo.si. 16. 1. 2017. конс. 19. 1. 2017. 
  11. „Dončić ne le vzhajajoča zvezda, ampak celo kandidat za MVP-ja“. rtvslo.si. 17. 2. 2017. 
  12. „Dončić in Llull popeljala Real v finale španskega pokala“. rtvslo.si. 18. 2. 2017. 
  13. „Dončić že tretjič letos najkoristnejši igralec kroga v Evroligi“. rtvslo.si. 27. 4. 2017. 
  14. Doncic, Luka euroleague.net (на енглеском)
  15. „Fenomenalni Dončić i Dragić odveli Sloveniju u polufinale!“. b92. 12. 9. 2017. 
  16. „Fenomenalna Slovenija zgazila šampiona Evrope sa +20!“. b92. 14. 9. 2017. конс. 14. 9. 2017. 
  17. „Деби који се дуго чекао! Словенац српског порекла постао најмлађи у историји Реал Мадрида! (ВИДЕО)“. mozzartsport.com. 
  18. „Dončić: Luka Zvezdaš? Nasledio je to od mene“. b92.net. 
  19. „Игра за Реал, воли Звезду“. mondo. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]