КК Жалгирис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Жалгирис
ЛигаЛитванска кошаркарска лига
Основан1944; пред 88 години
ИсторијаКК Жалгирис
(1944-денес)
СалаЖалгирис Арена
Сала Капацитет15,415
МестоКаунас
Бои на клубот         
ТренерСловенија Јуре Здовц
Прваци01 - Евролига
01 - Куп Рајмунд Сапорта
01 - Интерконтинентален куп
05 - Првенство СССР
01 - Куп СССР
23 - Литванско првенство
10 - Куп на Литванија
05 - Балтичка лига
Дресови
Домашен jersey
Team colours
Домашен
Гостински jersey
Team colours
Гостински


КК Жалгирис - професионален кошаркарски клуб со седиште во Каунас, Литванија, кој се натпреварува во Литванската кошаркарска лига (ЛКЛ) и во Евролигата.

Основан во 1944 година, Жалгирис е еден од најстарите клубови кој во моментов се натпреваруваат во Евролигата. Тој е, исто така, еден од 11-те европски клубови кои поседуваат долгорочни лиценци со Евролигата, која им обезбедува загарантирано место во фазата од регуларниот дел од оваа лига. Покрај тоа, Жалгирис е клубот со најмногу одличија на Литванската кошарка, со освоени 23 првенства на Литванија, 5 советски првенства, 1 Евролига и во секоја сезона од формирањето на домашната лига во 1993 година стигнувал до финалето во истата.

Жалгирис произвел многу легенди на Литванската кошарка во текот на историјата на клубот, вклучувајќи ги Арвидас Сабонис, Модестас Паулаускас и Шарунас Јасикевичиус.

Од сезоната 2011–2012, Жалгирис ги игра своите домашни натпревари во Жалгирис Арена, која е изградена непосредно пред Евробаскетот 2011. Боите на клубот се зелена и бела.

Играчи[уреди | уреди извор]

Жалгирис
Б 0 Нов Зеланд Таи Вебстер
Ц 1 Литванија Марек Блажевиќ
П 4 Литванија Лукас Лекавичиус
Ц 7 САД Џош Нибо
П 9 Литванија Мантас Калниетис
КЦ 10 Литванија Регимантас Минотас
КЦ 13 Литванија Паулиус Јанкунас
К 16 Литванија Каролис Лукошиунас
Б/К 17 Литванија Мантас Рубштавичиус
Б 21 Литванија Артурас Милакнис
П 26 Литванија Титас Саргиунас
Б 32 Латвија Јанис Стрелниекс
КЦ 34 САД Тајлер Кавано
К 55 Германија Нилс Гифеј
Ц 77 Франција Жофри Ловерњ
К 92 Литванија Едгарас Улановас
Главен Тренер: Словенија Јуре Здовц
- Капитен
Ц - Центар / КЦ - Крилен центар / К - Крило /
Б - Бек / П - Плејмејкер


Надворешни врски[уреди | уреди извор]