Блејк Грифин
|
Блејк Остин Грифин (16 март 1989 во Оклахома Сити) — американски кошаркар кој моментално настапува за екипата на Детроит Пистонс од НБА лигата.
Грифин играл колеџ кошарка за Оклахома Сунерс, кога бил прогласен за Играч на годината во својата втора година. Грифин бил избран како прв пик на НБА драфтот 2009 од страна на Лос Анџелес Клиперс, и оттогаш е шесткратен Ол-стар играч и пет пати избран во Ол-НБА тимот.
За време на последниот предсезонски натпревар во 2009 година, тој заработил повреда на левото колено, поради што морал на операција и ја пропуштил целата НБА сезона 2009–2010. Грифин го направил своето деби во НБА како руки во следната сезона, во која тој бил избран за Ол-стар натпреварот, победил во натпреварувањето во забивање, и бил прогласен за Руки на годината.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Блејк Грифин: Профил на NBA.com
- Блејк Грифин на ESPN
- Блејк Грифин на basketball reference
- Блејк Грифин на rotoworld
|