Џавахарлал Нехру

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џавахарлал Нехру
पं. जवाहरलाल नेहरू
Податотека:Jawahar Lal Nehru.jpg
Роден 14 ноември 1889
Алахабад, Британска Индија
Починал 27 мај 1964
Њу Делхи, Индија
Националност Индиец
Познат Прв премиер на независна Индија (1947 - 1964)
Занимање адвокат
Сопружник Камала Нехру
Деца Индира Ганди


Џавахарлал Нехру (англиски: Jawaharlal Nehru, хинду: जवाहरलाल नेहरू 14 ноември 1889 - 27 мај 1964) бил првиот премиер на независна Индија, кој досега и најдолго се задржал на таа позиција од 15 август 1947. па сè до смртта во 1964. година. Тој бил една од водечките личности во движењето за независност на Индија, и по стекнувањето на независноста, бил избран од својата Конгресна партија за премиер, а подоцна и на првите општи избори во 1952. Како еден од основачите на Движењето на неврзаните, тој бил и значаен чинител во меѓународната политика по Втората светска војна.[1] Го нарекувале и Пандит Нехру, што на санскритски и хинду е почесна титула и значи учен.

Споменик на Џавахарлал Нехру

Нехру потекнувал од богато адвокатско семејство, се школувал во Англија, и уште млад се приклучил на движењето за независност на Индија под водство на Махатма Ганди. Бил либерал по убедување, но сметал дека економските предизвици на една огромна земја во развој како Индија можат подобро да се решаваат преку државно управување со економијата (Фабијански социјализам). Брзо се искачил до раководните места во својата Конгресна партија, и го препознавале како наследник на Ганди.[2]

На Нехру му припаднала единствената чест да го подигне знамето на независна Индија во Њу Делхи на 15. август 1947, кога земјата стекнала независност. Нехру ја почитувал парламентарната демократија, секуларизмот и либерализмот, заедно со грижата за сиромашните и обесправените, и тоа се и основите кои ги вградил во темелите на Индија и се препознатливи до денес. Понекогаш го нарекуваат и „архитект на современа Индија“.

Неговата ќерка Индира Ганди и внукот Раџив Ганди исто така биле премиери на Индија.

Наводи[уреди]

  1. А1, 15 јули 2009: Самит на неврзаните во Египет
  2. Embree, Ainslie T., уред (1988). „Encyclopedia of Asian History“. 3. New York: Charles Scribner's Sons. стр. 98-100.