Прејди на содржината

Бедри Халими

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бедри Халими
Bedri Halimi

Роден2 јануари 1974
Непроштено, СР Македонија, СФРЈ
Починал9 јули 2001
Род ОНА
Битки/војниВоен конфликт во Македонија, 2001

Бедри Халими (албански: Bedri Halimi; Непроштено) ― член на ОНА.

Во редовите на ОНА, тој се приклучил уште во почетокот на Судирот во Македонија, како војник во првите единици на Бригадата 112 „Мујдин Алиу“.

Загинал на 6 август 2001 година. По ова, неговото тело било префрлено и погребано во селото Непроштено.[1] За неговата смрт има две, сѐ уште неразјаснети верзии. Според весникот на албански јазик, „Факти“, тој бил убиен од снајпер, два дена по постигнатото примирје ос страна на македонските полициски сили. Додека според медиумите на македонски јазик, дознавано е дека тоа го направиле екстремистите поради тоа дека не сакал да биде мобилизиран од страна на ОНА.[2]

  1. „ОНА- Попрака и надеж“, Петрит Менај, стр. 87
  2. „Безбедносна состојба“. Aid Macedonia. 15 јули 2001. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2011-02-20.