Сефардискиот хебрејски јазик — јазик кој спаѓа во групата семитски јазици и во подгрупата хебрејски јазици. Фонологијата на овој јазик била под влијание на португалскиот, персискиот, холандскиот и арапскиот јазик.
Леополд Цунс сметал дека сефардискиот јазик произлегол од Вавилон. Оваа теорија била поткрепена и од фактот што во некои односи, овој јазик е многу поблизок до источниот дел на Вавилон, а додека ашкенашкиот хебрејски потсетува на западниот дијалект.