Транскрипција (предавањето) на туѓите имиња со македонско писмо, по правило, се врши онака како што се изговараат имињата. Со изворното писмо тие се пишуваат само во научни изданија. При тоа нивните гласовни особености се прилагодуваат колку што е тоа можно кон гласовниот систем на македонскиот јазик, т.е. гласовите што ги има во македонскиот јазик се предаваат со македонски слични гласови. Тоа е случај и со хебрејскиот јазик, каде македонската транслитерација се стреми што подобро да ги долови оригиналните хебрејски гласови, или, доколку тоа не е можно, да ги замени со ним најблиски гласови од македонскиот јазик.